Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Макрон критикуван за преговорите со Москва

Макрон критикуван за преговорите со Москва

Политичките противници на францускиот претседател Емануел Макрон кои се јавуваат како негови против-кандидати за скорешните претседателски избори во Франција, остро го критикуваат актуелниот шеф на државата за ситуацијата околу  Украина, откако тој уште пред сегашната инвазија на Русија, се обидуваше, низ интензивни разговори со Москва, да обезбеди смирување на наметнатите тензии од руска страна кон Киев и да спречи инвазија.

Не успеа во тоа и покрај патот во главнот руски град и пет часовните разговори- во четири очи- со рускиот претседател, по што престојуваше и во Киев, на разговори со Володомир Зеленски, носејќи за него порака од Русија.

Сега, меѓутоа, во француската политичка јавност тој е напаѓан за неуспешни разговори си Путин и за тоа дека дозволл да биде и понижен ( со масата долга пет метри, колку што соговорниците  беа одалечни еден од друг, која не се користеше и за средбата на Русинот со бразилскиот претседател Жаир Болсонаро) .

Неуспешни преговори

Во екот на предизборната кампања, меѓутоа, се користеа неуспешните московски разговори за да се критикува Макрон дека од нив „направил претстава и маркетинг“ за да се покаже како вистински француски и европски лидер. Односно, претседател кој силно ги брани француските интереси и кој (како претседавача со ЕУ) настојува да спречи војна на европскиот континент.

Прва се огласи ултра-десничарката Марин Ле Пен на која и пречат и неколкупати водените телефонски разговори на Макрон со Путин, по враќањето во Париз, за што Елисејската палата има давано соопштенија и фотографии. Официјално, тие телефонски раговори биле водени откако претходно, францускиот претседател се консултирал и со Вашингтон, Берлин и Рим.

Ништо од тоа не се случи, посебно околу ревитализацијата на договорот од Минск, за ситуацијата во Источна Украина, затоа што рускиот претседател, едниоставно, го има изманипулирано гостинот од Париз. Сега се гледа дека додека руската страна го уверуваше францускиот претседател дека „се уште има простор за разговори и за смирување на тензиите“, веќе постоел детално изработениот план за напад и за инвазија врз Украина.

Одново дуел Макрон-Ле Пен?

Ле Пен има речено дека посетата во Москва и телефонските разговори на Макрон со Путин, сепак, биле како „изборен театар“ за да предц гласачите актуелниот претседател се прикаже како “спасител на Европа и како европски лидер“.

Оваа десничарска политичарка, на изборите во Франција, во 2017 година, доживеа уверлив пораз од Макрон, кој освои 66 отсто од гласовите. Таа и сега, во сите анкети заостанува зад него ( Макрон има подршка од 25 отсто, додека Ле Пен 16 отсто, за гласањето во првиот круг), но се очекува  таа и на овие избори да се најде во вториот круг, како пред пет години.

Блиску до неа кај гласачите е и уште еден краен десничар и остар националист – Ерик Земур кој исто така го критикува сегашниот шеф на државата за „неуспешната визита во Кремљ“. Според него, решението да се признаат отцепените региони, за независни држави, што Макрон настојуваше да го спречи, било „доказ дека Путин не го почитува Макрон“.

Ултра-десничарите се „русофили“

Париските аналитичари, сепак, оценуваат дека ваквите критики се израз на „очајници“ кои во сегашната европска безбедносна криза не знаат како да се однесуваат и да реагираат. Особено, затоа што и Ле Пен  и Земур веќе имаат„темно петно“ – со своето русофилство- со врските со рускиот претседател-автократ , со подршката што веќе му ја имаат давано и за што имаат земено руски пари.

Посебно, тоа се однесува за Марин Ле Пен. Таа во 2014 година има земено заем од Путин за нејзината изборна кампања и за потребите на партијата. Таа беше во Москва и се среќаваше во Кремљ со рускиот претседател , не криејќи го  согласувањето со начинот на кој тој ја води Русија. Ле Пен тогаш ја бранеше интервенцијата во Донбас, како и на Крим.

Сега нема каде, па ја критикуваше Москва за „ ескалација на кризата“, како што тоа го има направено и Земур, кој пред инвазијата на Украина има речено дека Франција би требало да „прави алијанса со Русија и со нејзиниот лидер“. И тој смета дека најновите настани се „насилство врз украинскјата територија“, но дека тоа е последица на политиката на Западот.

(П.Ф.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе