Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Ходорковски: Литванија може да е следната цел

wrangel/Depositphotos.com

Ходорковски: Литванија може да е следната цел

Прогонетиот руски бизнисмен, едно време најбогатиот меѓу олигарсите во Русија, Михаил Ходорковски, изјави дека Владимир Путин е на се подготвен, дури и на тоа да „притисне на црвеното копче“ – и да започне и нуклеарна војна!

Во изјава за лондонски „Гардијан“, Ходорковски кој десет години помина во затвор под крајно сомнителни обвинувања за „проневера и за измама“, рекол дека воведените санкции против Путин и неговиот режим, се значајни од „етичката страна “, но дека во основа тие се „симболични“.

Според Ходорковски, доколку никој не го запре, рускиот претседател може да стане закана и за другите земји, пред се тие околу Русија.

„Обука, оружје, доброволци“

Како потенцијална следна цел за напад и за освојување, според поранешниот олигарх, би можел да биде коридорот меѓу Калининград (мала руска енклава на Балтичко Море, наполнета со руско ракетно оружје) и Литванија, која на тој начин би можела да стане „нова Украина“.

Ходорковски смета дека најважниот придонес што Западот може да го направи, за да и стави крај на агресијата врз украинската територија, е да покаже единство против агресивната путинова политика и таквото негово однесување, но и да обезбеди – обука, оружје и доброволци за Украина.

„Путин сега се наоѓа на меур од сапуница, кога станува збор за информациите кои му ги даваат и кои тој си ги претставува, создавајќи на тој начин една искривена слика за светот. А, тоа за сите нас, значи дека имаме работа со многу опасен човек. Прашањето е дали е спремен да го притисне и нуклеарното копче. Се надевам дека се уште не е отиден толку далеку во своето разбирање на светот, но човек со него никогаш не може да биде сигурен“ – има речено Ходорковски.

Ходорковски сега е во Лондон, каде има отворено канцеларија на неговата невладина организација “The Dossier Centre”. По една деценија поминати во затвор, тој беше протеран од Русија, како што на времето на екс Советски Сојуз, беа протерувани сите дисиденти и „опасни“ интелектуалци.

Опасно е толерирањето на Русија

Во немилост кај Путин и падна откако од позиција на богат и моќен олигарх се обиде да влезе во руската политика, како дел од тамошната опозиција. Набргу по тоа, беше обвинет за „финансиски малверзации“, па уапсен, обвинет и осуден. Сите обвинувања, се смета, дека беа политички мотивирани. Нафтената компанија со која Ходорковски управуваше, му ја одзеде државата.

Во својот разговор за лондонскиот весник, Михаил Ходорковски има речено дека Велика Британија треба “одлучи дали и натаму ќе го толерира руското влијание (мешање) и во кој и каков обем“.

Станува збор за тоа што Кремљ ги користи американските и британските правни компании за да ги намали влијанието и последиците од санкциите (кои досега и се наметнати на Русија), со лобирање за своите интереси и со подмитувањето на претставници од американското и британското општество“. Според Ходорковски, тоа е состојба која е посебно вознемирувачка.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе