Поврзете се со нас

Skopje Global

Антонов 225

Вести

Руските војници го уништија „Антонов“ АН-25

depositphotos.com

Руските војници го уништија „Антонов“ АН-25

Украинските власти потврдија дека во нападите на руските инвазиони сили врз Киев и неговата околина, бил уништен најголемиот авион во светот „Антонов“ АН-25 , популарно наречен „Мрија“.

Авионот своевремено создаден за потребите на поранешната советска армија, исто така беше користен и за цивилни и пред се, за хуманитарни потреби, поради неговата способност да прими во себе и да пренесе огромен товар, многу повеќе од другите , големи карго авиони.

„Антонов„ бил стациониран во огромниот хангар во украинската воздушна база Хостомел, во околината на Киев, што беше поприште на жестоките судирања на рускте напаѓачи кои навлегуваа од белоруската територија и на украинската одбрана, пред руската војска да го преземе целото тоа подрачје.

Осум години во „пензија“

Во еден од бројните ракетни напади, еден проектил го погодил директно хангарот , предизвикувајќи силна експлозија. Нападот и унишувањето на огромното летало е потврден и од бројни сателитски снимки, како и од системот за информирање на НАСА , преку кои се откриени бројни оштетувања и пожари на целиот комплекс од воздушната база.

Авионот бил таму на сервисирање кое се оддолжило и не било можно тој да се префрли на некоја друга локација, или да се изнесе надвор од Украина.

Леталото е дизајнирано во конструционото биро „Антонов“, во Украина во тогашен Советски Сојуз, во осумдесетите години на 20 век. Откако ги има исполнето задачите за советската армија, која тогаш војуваше во Авганистан, во настојувањето на Москва од оваа средноазиска земја да направи советска комунистичка република, авионот беше оставен во „пензија“- цели осум години.

Потоа, е темелно обновен и модернизиран, па вратен во употреба- за комерцијални карго летови на авио-превозникот „Антонов Ерлајнс“.

Во хуманитарни мисии

Од тогаш е користен во низа хуманитарни мисии, како во 2010 година на Хаити, после тамошниот катастрофален земјотрес, а подоцна и за соседната Доминиканска Република. Беше користен и за пренесување на медицинска опрема, вакцини и заштитни средства во борбата со глобалната пандемија.

Станува збор за најголемиот изграден авион во светот, но и за најтешкиот- потежок е од двокатниот Ербас А-380. „Антонов“ можеше да понесе товар до 640 тони.

Во септември 2001 година тој има пренесено 254 тони, на висина од 11 илјади метри. Распонот на крилјата му беа 88,5 метри, беше долг 84 метри , а со него леташе посада од шест лица. Неговата висина изнесуваше 18 метри, а самиот авион беше тежок 285 илјади кг. Овој воздушен џин го покренуваа шест авионски мотори.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе