Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Шест илјади уапсени во антивоените протести во Русија

mari_art/Depositphotos.com

Шест илјади уапсени во антивоените протести во Русија

Руската полиција и безбедносните сили досега, имаат уапсено безмалку шет илјади лица  во антивоените протести во Москва и Сенкт Петербург, како и во другите градови на Русија, откако на 24 февруари почна инвазијата врз Украина.

Според независната интернет страница за посматрање на настаните ОВД-инфо , уапсени се 5945 лица. Од нив , половината, или 2800 се упасени во неделата на 27 февруари, поради учеството во протестите во 57 руски градови. Само во Москва биле уапсени 1300 лица.

„Нелегални антивоени протести“

Учеството во демонстрации во Русија , меѓутоа, е опасна работа, затоа што на луѓето им треба дозвола за да протестираат, а доколку ја немаат, ризикуваат да бидат казнети, или осудени на затворска казна. Барањето за демонстрирање треба да се предаде кај властите, најдоцна до 15 , а не помалку од десет денови пред протестот и да се добие согласност, која не ретко никогаш не стигнува.

Имало случаи кога дозвола за демонстрација се издавала и на едно лице- за соло протест. Но , имало примери и тогаш демонстрантот да биде насила тргнат од полицијата и веднаш затворен за „повреда на јавниот ред и мир“. Апсени и казнувани дури и за посматрање на протестот се и познати лица на кутурниот и јавниот живот на Русија, а во една прилика таквата судбина го има задесено и пораншниот светски шаховски првак Гари Каспаров.

Рускиот државен комитет за истрага им се закани на демонстрантите дека учеството во анти-воените протести е НЕЛЕГАЛНО. Во предупредувањето се вели дека ваквиот престап може да биде регистриран во кривичното досие на секој поединец и да остави трага врз нивната иднина.

Годишнина од атентатот врз Немцов

Демонстрантите, иако се мирни и носаат само транспаренти со пораки – „Не војна во Украина“ – или само против војната, воопшто, сепак, беа брутално запрени од полицајците и насилно апсени во присуство на ТВ камерите.

Меѓу демонстраните била забележена и ќерката на милијардерот Роман Абрамович, додека директорката на московскиот драмски театар поднесе демонстративно оставка. Познати лица од руската јавност имаат изјавено за странските медиуми дека “се срамат од однесувањето на нивната држава“, а со осуда на нападот врз Украина се има огласено и познатиот тенисер Медведев.

Во неделата протестите во Москва беа и засилени, затоа што тој ден се навршија седум години од атентатот врз познатиот руски опозиционер Борис Немцов.

Овој поранешен заменик премиер на Русија беше остар критичар на путиновата надворешна политика и посебно на анексијата на Крим и  окупацијата на Донбас. Немцов беше убиен во 2015 година, од зад грб, од професионален убиец, со еден истрел во главата, додека со една пријателка се шеташе , покрај ѕидините на Кремљ.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе