Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

ЕУ го запре емитувањето на „Russia Today” и „Спутник“

postmodernstudio/Depositphotos.com

ЕУ го запре емитувањето на „Russia Today” и „Спутник“

Европската Унија ја запре дистрибуцијата и го прекина емитувањето на руските медиуми „Russia Today” (Раша Тудеј) и на „Спутник“. Одлуката е донесена затоа што овие медиуми се означени како орудија на Кремљ за манипулација со информациите и со јавноста и за ѓирење лаги и дезинформации.

Според соопштението од Брисел, воведените санкции кон Русија, по инвазијата врз Украина и војната што руската армија ја води на територијата на една независна и суверена држава, ги покриваат и сите средства за пренос и дистрибуција, како што се, кабловските и сателитските ТВ канали, ИПТВ, платформите, интернет страниците и апликациите.

„Сите важечки лиценци, овластувања и договори за дистрибуција – се суспендирани. Овие мерки ги покриваат сите држави членки на ЕУ и веднаш, директно, се применуваат„ – се вели во соопштението што го пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).

„Оперативно оружје на Кремљ“

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, коментирајќи ја оваа одлука, изјави дека во време на војна,(во кое Европа сега живее), вестите и информациите се мошне важни.

„Сведоци сме на масовната пропаганда и на дезинформациите што се пласираат за овој незабележан досега напад врз слободата и независноста на една европска земја. Нема да им дозволиме на апологетите од Кремљ да ги истураат своите отровни лаги, за да ја оправдуваат војната што ја покрена Путин, или за да сеат поделба во редовите на нашата Унија“ – има речено Дер Лајен.

Во сличен тон е и реакцијата на Јосеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Тој вели дека Русија ја користи „манипулацијата со информациите како свое силно, оперативно оружје“.

Борел смета дека одлуката е “важен чекор против манипулациите на Путин“. Високиот европски дипломат потсетува дека ЕУ, претходно, ја има ставено под санкции и главната уредничка Маргарита Симонијан, додавајќи дека е „логично на удар на санкциите да се најдат и активностите што (овие две организации – „Раша Тудеј“ и „Спутник“) ги спроведуваат на просторот на Европската унија“.

Закана за јавниот ред

За овие два руски медиуми кои се создадени за пласирање информации и (руски ставови и позиции) во странство, во соопштението за прекинувањето на нивната работа во ЕУ, се вели дека се „инструменти за поттикнување и за поддршка на агресијата на Русија врз Украина, што претставува и директна закана на јавниот ред и на безбедноста на ЕУ“.

И двата медиуми се создадени и се под контрола на Кремљ, создадени и одржувани со помош на државните фондови.

Од почетокот на нивното појавување тие веднаш се најдоа на удар на европското демократско, независно новинарство, поради нивната – пред се – пропагандистичка улога, постојано војувајќи со вистината, нудејќи селектираната информативност и служејќи им само на интересите на Кремљ.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе