Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Бил Гејтс прељубник во пропаднатиот брак

World Economic Forum, Bill Gates - World Economic Forum Annual Meeting Davos 2008 (cropped), CC BY-SA 2.0

Бил Гејтс прељубник во пропаднатиот брак

Поранешната сопруга на американскиот милијардер Бил Гејтс – Мелинда – после девет месеци молчење за причината за нивниот развод, по 27 години заеднички живот, откри зашто нивниот, на изглед складен брак, пропадна.

Во интервју за американската Си – Би – Ес, таа има откриено дека Бил Гејтс има извршено прељуба, како и дека иако тоа било пред 20 години и таа настојувала да му прости и да го заборави тој период од бракот, не можело да се поправи тоа што се нарушило – довербата.

Мелинда Гејтс признава дека за разводот во мај минатата година, немало некој посебен и директен повод. Едноставно, како што има речено – „дошол моментот во кој се што имало дотогаш се насобрало“ – кога сфатила дека нејзиниот брак не е здрав.

Прељубата која ја споменува, сопругот Бил ја има направено во почетокот на двеилјадитите години, кога двојката била само шест години во брак. Тогаш сопругот започнал тајна љубовна врска со колешка од компанијата Мајкрософт. Јавноста за неа не знаела се до минатата година, но сопругата Мелинда за неа знаела со години наназад.

„Се обидував да ја поправам работата и да работам на нашата врска, но довербата не можев да ја обновам“ – рекла поранешната сопруга Гејтс, признавајќи притоа дека без разлика што долго била свесна дека разводот е неминовен, минатогодишната разделба ја има тешко погодено.

„Сите изминати 27 години верував дека нашиот брак ќе трае се додека сме живи, па затоа го проплакав разводот. Некогаш и со денови плачев, постојано прашувајќи се – како тоа можеше да се случи“ – има речено во интервјуто Мелинда Гејтс.

Бил и Мелинда ја почнале својата врска како љубов од канцеларија. Тој и бил шеф додека таа била вработена во Мајкрософт. По кусо време се венчале. Во бракот имаат три деца, а најстарата ќерка и самата сега е во брак. Сега се открива дека сопругот Гејтс бил повеќепати неверен во бракот и дека многу често имал афери со своите соработнички.

При разводната постапка се имаат спогодено за поделба на заедничкиот имот.

Врз основа на тоа, нејзиното богатство сега се проценува на 6,2 милијарди долари, па таа е шестата најбогата жена во светот. Бил Гејтс, пак, останува со лично богатство од 132 милијарди долари. Според списанието „Форбс“ тој е четвртиот најбогат човек во светот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе