Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Дали постои Брут во Русија“

"Lindsey Graham" (CC BY-SA 2.0) by Gage Skidmore

„Дали постои Брут во Русија“

Американскиот републикански сенатор од Јужна Каролина, Линдзи Греам, изјави дека единствен начин да се запре руската инвазија врз Украина и да се запре војната е “некој во Русија да го тргне оној човек“ – мислејќи на Владимир Путин.

На Твитер, Греам има напишано – „Има ли Брут во Русија” и „Дали постои некој полковник Штафенберг во руската армија“ – мислејќи притоа на Маркус Брутус кој ја имал водечката улога во убиството на Јулије Цезар, во 44 година п.н.е. како и на германскиот офицер кој не успеа во атентат да го ликвидира Адолф Хитлер, во текот на Втората светска војна.

Според информацијата што ја пренесува британската ТВ Скај, американскиот републикански сенатор смета дека само на тој начин би можело да се помогне во спасувањето на Украина, како и на Русија, но и на светот.

„Еден таков човек би завршил голема работа“ – има напишано американскиот сенатор.

„Пример за русофобија“

Изјавата на Греам, предизвика гневна реакција на Русија.

Рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов во реакцијата на амбасадата рекол дека станува збор за „неприфатлива и одвратна изјава“. Амбасадорот притоа има побарано и официјално објаснување за постапката на републиканскиот сенатор.

Антонов смета дека станува збор за неприфатлив пример на русофобија и за омраза кон Русија, нарекувајќи ја изјавата на Греам уште и „криминална“.

Во текот на изминатите седум денови, дури и десничарската телевизија Фокс, која е мошне  блиска на поранешниот претседател Доналд Трамп, исто така повика на потребата од тргање на Путин од власта, за да може на претседателската функција во Кремљ да дојде нов човек.

Шок од нападот врз АЦ „Запорожје“

Линдзи Греам важи за, обично, внимателен политичар, кога станува збор за изјавите во јавноста. Овој републикански сенатор му беше сојузник и поддржувач на Трамп во неговата одбрана од „руската врска“ во текот на изборната кампања за претседателските избори во 2016 година.

Изјавата во која се бара тргање на Путин, доаѓа откако американската и светската јавност разбраа дека руските војници кои војуваат во Украина, ја бомбардирале и атомската централа „Запорожје“ кај местото Енергодар, во југо – источниот дел од Украина.

Првите извештаи од теренот велат дека (засега) нема знаци за истекување на радиоактивни, нуклеарни материјали во воздухот. Експерти имаат изјавено дека евентуалната експлозија на оваа централа, најголемата нуклеарка во Европа, би предизвикала радијација шест пати поголема од онаа што ја направи експлозијата во „Чернобил“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе