Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Неизвесна иднината на „Челси“

lakasa studyo/Depositphotos.com

Неизвесна иднината на „Челси“

Одлуката на британската влада да воведе санкции и против Роман Абрамович, значи дека се замрзнува целиот имот на овој руски олигарх, вклучувајќи го и фудбалскиот клуб „Челси“ кој од 2003 година е во негова сопственост.

Тоа значи дека се замрзнува и продажбата на клубот, инаку актуелен европски и светски шампион, која Абрамович ја најави на почетокот од март, кога навести дека го продава целиот свој имот. Според тоа, станува неизвесна натамошната иднина на овој лондонски клуб.

Клубот се проценува на три милијарди фунти

Абрамович пред 19 години го има купено за 130 милиони фунти, а сега „Челси“ се проценува на три милијарди. Не се знае колку рускиот олигарх има побарано за продавање, но во настојувањето да ја смири британската и европската јавност, најави дека дел од парите од продажбата ќе биде употребена за хуманитарни цели – за помош на бегалците и жртвите на војната во Украина.

Според најновата одлука на владата во Лондон, на Абрамович му е забранета било каква трансакција со било кој британски поединец, или со некоја домашна компанија, а забрането му и патувањето.

Со одлуката да го продаде целиот свој имот на британска територија (и популарниот лондонски клуб) се обиде да ги одбегне санкциите, како еден од олигарсите за кои се верува дека е блиску до Владимир Путин. Кога најави дека го продава и клубот, како што тогаш соопшти – во интерес на „Челси“ – од легендарните фудбалери и од клубот на навивачите му порачаа водството на клубот да му ја предаде на некој друг.

Под државна контрола

Не успеа во тоа, затоа што британските конзервативци уште од 2019 година настојуваа да го истиснат Абрамович од Лондон, од Британија и од фудбалскиот клуб.

Со одлуката на владата за санкционирање на Абрамович, клубот не смее повеќе да продава сезонски карти за следење на неговите натпревари, а мора веднаш да ги затвори продавниците за клупски сувенири, што за сите премиерлигаши во Англија е значаен извор на приходи.

Тоа значи дека клубот од Стенфорд Бриџ, преку ноќ, се најде во ситуација да биде како експропиран имот во рацете на државата.

Таа сега определува колкави можат да бидат трошоците (за патување) и за трансфери – и едното и друго е ограничено – за да може да биде покриено со владини (државни) пари. Ова можеби ќе спречи крах, или банкрот на клубот, но изгледа го прави тешко одржливо неговото натамошно натпреварување на три фронтови во оваа сезона.

Без разлика дали фудбалерите и тренерите ќе ги земаат редовно своите плати.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе