Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Москва ангажира Сиријци во војната во Украина

MohammadBash/Depositphotos.com

Москва ангажира Сиријци во војната во Украина

Русија и официјално објави дека во војната против Украина, ќе се вклучат и „доброволци“ од Сирија кои ќе се борат заедно со руските војници, за побрзо скршување на украинскиот отпор.

Потврда за ваквата одлука даде самиот претседател Владимир Путин, кој на последната седница на рускиот Совет за безбедност, што инаку беше пренесувана на телевизија, има речено дека – “на сите оние кои сакаат да војуваат (на руска страна), тоа треба да им се дозволи“.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу, на седницата појаснил дека има 16 илјади „доброволци“ од Блискиот Исток (од Сирија).

Шојгу – „доброволци, а не платеници“

Станува збор за борци – искусни војници кои имаат учествувано во сириската граѓанска војна, на страната на режимот на Башир ал Асад, за кои сега се признава дека ќе бидат употребени како „руски војници“ во Украина.

Сирија на семејството Асад е долгогодишен сојузник на Русија, уште од времето на Советскиот Сојуз.

Русија на сириска територија ги има единствените две бази во регионот на Блискиот Исток, во реонот на медитеранското пристаниште Латакија. Руските воени сили активно беа вклучени и во граѓанската војна во земјата, во одбраната на Дамаск, како и на власта на Асад, во борбата со противниците на режимот, на исламските џихадисти и на Курдите, против кои војуваше и Турција.

На седницата на Советот за безбедност на Русија, министерот Шојгу објаснил дека блиско – источните борци – „не се платеници“ и дека „нема да војуваат за пари, туку од „уверување “ – дека се на вистинската страна во војната.

Обезбедување на Донбас?

Според руското министерство за одбрана, сириските „доброволци“ ќе биле распоредени во Донбас, за да се „грижат за безбедноста на луѓето во регионот“, што Русија го анектира, како што пред осум години тоа го направи со Крим.

Но, малкумина веруваат дека тие 16 илјади (искусни) борци од Блискиот Исток, ќе останат во Донбас, туку дека измешани со руските војници ќе се најдат на сите фронтови на украинската територија.

Ваквата одлука на Путин не претставува изненадување, затоа што од почетокот на неделата во европските медиуми се појавуваат написи за тоа дека Русија ќе вклучи и Сиријци во редовите на своите армиски сили во војната против легалната влада во Киев, кои и онака сега се „без работа“ на блискоисточниот регион.

Проценки на воени експерти е дека руската страна губи премногу војници – многу повеќе од првичните проценки – па дека не сакајќи да се шири бројката на мобилизираните, побарано е од Асад да „се реваншира“ за помошта во граѓанската војна, испраќајќи ги своите Сиријци на украинскиот фронт – да се борат за руската „кауза“.

Контра на “меѓународната бригада“

Одлуката на Москва, меѓутоа, е одговор на украинскиот повик за помош во луѓе – доброволци во војната за одбраната од руската агресија. Во Киев, исто така, тврдат дека имаат 16 илјади странски борци, од разни земји, кои се пријавиле да војуваат на украинска страна. Претседателот Володмир Зеленски веќе ги нарекува како припадници на „меѓународната бригада“.

Ангажирањето борци од Сирија доаѓа во време кога командата во Москва ги прегрупира своите сили и своите напади – артилериски и ракетни – ги насочува кон уништување на аеродромите и индустриските капацитети, наменети за воени потреби.

Решението на Путин да отпочне со една поинаква војна, може да предизвика таа вистински да се претвори во валкана и да се развлече подолг период. Како што тоа се случи со авганистанската за СССР, во осумдесеттите години на 20 век, или со виетнамската за Американците, пред тоа.

Медиумите во Европа и САД кои на новиот развој на војната во Украина му посветуваат силно внимание, веруваат дека Сиријците нема да останат во Донбас, туку дека ќе бидат користени за градска борба, при обидите на Русија да ги освои градските центри, како Киев, или Харков.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе