Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Викенд за Оскари

AndrewLozovyi/Depositphotos.com

Викенд за Оскари

Во Лос Анџелес, во неделата ноќта, наспроти понеделник, ќе се изврши доделувањето на филмските награди Оскар – на американската филмска академија – најпрестижните и најизвиканите награди во светот на филмската уметност.

Оваа година за главен фаворит се смета филмот „The Power of the Dog” на новозеландската режисерка Џејн Кемпион. Оваа мрачна, психолошка вестерн филмска приказна има дури 12 номинации – меѓу кои и најважните – за најдобар филм, за најдобра режија, за најдобра машка и за најдобри машка и женска споредна улога.

Десет номинации има добиено филмот „Dunе”, a потоа следуваат „Белфаст“ на актерот и сега режисер Кенет Брана и на прославениот Стивен Спилберг, со римејкот „Приказната од западната страна“ со по седум оскаровски номинации.

За прв пат, после 2018 година, свечената церемонија за доделување на наградите ќе има домаќин – водител и за прв пат наместо еден ќе има тројца и сите се жени.

Во соопштението на Академијата се вели дека оваа година, некои од наградите, пред се, тоа се техничките ќе се доделат однапред и тоа ќе биде снимено, за да ТВ преносот добие во динамика, а целата претстава во брзина и во привлечност. Таквата новина треба да остави простор за повеќе време за настапите на разни пејачки ѕвезди – меѓу кои се споменуваат Бијонсе и Били Ајлиш.

Како куриозитет се споменува тоа што една брачна двојка – Хавиер Барден и Пенелопе Круз – се номинирани за Оскар за најдобра машка и женска улога во две филмски остварувања.

Новина е и тоа што сите гости и официјални лица ќе мора да покажат доказ дека се вакцинирани против коронавирусот, или валиден доказ зашто не се вакцинирани, како и негативен тест за вирусот. Медиумите во САД веќе објавија дека гостите не ке мора да носат маски, но маски на лицето ќе имаат сите оние кои се зад сцената и во помалите простории на театарот Долби во Лос Анџелес.

Оскар се доделува во вкупно 24 категории и обично, годишно се доделуваат по педесетина статуи.

Статуата е позлатена. Висока е 34 сантиметри, а тешка 3,8 кг. Претставува витез на изработен во арт деко стил, како држи крстоносен меч, стоејќи на филмска лента.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе