Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Мир во Долмабахче Сарај

fozcan/Depositphotos.com

Мир во Долмабахче Сарај

Мировните преговори во Истанбул се одржуваат во познатиот турски сарај (дворец) покрај Босфор – Долмахабахче Сарај, веројатно најубавата палата од отоманскиот период на современа Турција.

Овој дворец се наоѓа на европската страна од Истанбул и е изграден во време на султанот Абдулмеџид, според проектот на ерменскиот архитект Гарабет Балијан и на неговиот син Никог. Изградбата траела десет години – меѓу 1843 и 1853 година. Четири години подоцна, во 1857 година, султанот се преселил од палатата Топкапи, каде дотогаш престојувал во новиот дворец – палата Долмабахче.

Во дворецот на самиот брег од Босфор, за кој велат дека е правен по углед на францускиот Лувр и британската Бакингамска палата, живееле шестмина отомански султани.

Внатрешниот изглед ја покажува целата негова раскошност и луксуз, но за него е карактеристично тоа што иако ја одржува отоманската традиција во архитектурата, Долмабахче е помалку ориенталистички направен од другите вакви дворци и палати.

Во него има многу елементи на европското градежништво од времето на барокот и неокласицизмот. Во дворецот има многу злато и кристал, па таму се наоѓа и најголемиот кристален лустер во светот.

За цената на изградбата и уредувањето – што се заедно требало да ја покажат моќта на Империјата – се тврди дека била голема и за тоа време. Биле потрошени пет милиони турски златници, што се смета дека е рамно на 35 тони злато!

А, во дворецот меѓу другото има една џамија, како и низа палати и најразлични павилјони и фонтани. Поделен е на четири делови и на харем, каде живееле жените на султанот. Во Долмабахче Сарајот има дури 285 соби, 44 сали од различна големина, 68 тоалети и шест амами (бањи).

Во дворецот се има сместено и првиот претседател на современа Турција, Мустафа Кемал – Ататурк, каде и починал во 1938 година.

Во денешно време, Долмахаче е музеј и една од главните туристички атракции на Истанбул, но повремено се користи и како локација за значајни меѓународни конференции. Овој пат, за мировните преговори меѓу Русија и Украина.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе