Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Власта во Србија пред нова победа

Nedomacki/Depositphotos.com

Власта во Србија пред нова победа

Во недела (3 април) во Република Србија се одржуваат редовни претседателски и вонредни парламентарни избори, како и избори за локална власт во Белград, а испитувањето на јавното мислење покажува дека актуелната власт и сегашната владејачка коалиција, предводена од Александар Вучиќ ќе извојуваат уште една победа.

За Вучиќ тоа би била втор, едно по друго, мандат како шеф на државата, а за неговата партија Српска напредна странка (СНС) победата би означила почеток на единаесеттата година на власт, од првата изборна победа во 2012 година.

Успех уште во првиот круг

Српската опозиција која сите изминати години ја одликува неединството, како и политичката, програмската и идеолошката шареноликост, овој пат верува дека би можела да го совлада Вучиќ во вториот изборен круг, со здружени сили на целата опозиција и со заеднички гласови – во стилот сите против Вучиќ.

Меѓутоа, како сега стојат работите, шансите за еден таков исход се мали, затоа што прогнозите покажуваат дека актуелниот претседател би можел веќе во првиот круг, да освои 60 отсто од гласовите и да победи.

Осум кандидати има во трката за претседател на државата, меѓу кои и три жени. Најсериозен противник на Вуќиќ, сепак, е поранешниот началник на Генералштабот на војската на Србија, Здравко Понош, кој може да смета на нешто над 19 отсто од гласовите.

За парламентарните избори, пак, анкетите предвидуваат дека поддршката за СНС и за актуелната власт е и поуверлива. „Напредњаците“, заедно со постојаниот коалиционен партнер – социјалистите на Ивица Дачиќ – се рангирани како уверливо први, со очекувани 63 отсто од гласовите. Доколку се остварат прогнозите, сегашната владејачка гарнитура и натаму во српскиот Парламент ќе има уверливо мнозинство.

Опозицијата се бори за Белград

Опозицијата која ги бојкотираше изборите во 2020 година, па Парламентот на Србија две години работеше како еднопартиски, верува дека на овие избори, освен што ќе влезе во Парламентот, би можела да ја освои власта во Белград каде е и најголемо незадоволството на гласачите и од каде доаѓа и најсилниот отпор на противниците на владејачката гарнитура.

Опозициските политичари веруваат дека со освојувањето на Белград би можело да почне да се урива децениското владеење на – како што велат – режимот на Вучиќ и на неговата СНС.

Домашните и странските аналитичари кои веруваат во уште една изборна победа на власта, проценуваат дека по овие избори Србија која и онака седи на „два стола“ кога треба да се определи меѓу демократијата и либерализмот на Западот и авторитарноста и едноумието на Истокот, земјата сериозно ќе сврти кон десницата и кон десничарењето.

Изборниот праг кој сега изнесува само три отсто, на овие избори ќе го поминат неколку партии кои се конзервативни, ултра – десничарски определени, монархистички и прочетнички и националистички определени.

Третина од гласачите ќе апстинира

Во тој блок се става и една изразито проруска српска партија – Заветници – која во Парламентот сигурно ќе дејствува како прилепок на власта.

Конечно, рускиот министер за надворешни работи им порача на српските гласачи и на тамошната јавност дека „ќе знаат да се определат на правата страна“ и каде според Сергеј Лавров, се вистинските вредности.

Што се однесува до изборите за нов состав на Парламентот, опозицијата предводена од „Обединети за победа на Србија“ која и самата е идеолошки прилично шарена, може да смета на поддршка од 14 отсто. Социјалистите на Дачиќ сега стојат полошо од последните избори и според анкетите, може да сметаат на помалку од 10 отсто од гласовите.

Хендикеп за целата опозиција е тоа што истражувањата направени пред почетокот на изборниот молк, покажуваат дека дури една третина од запишаните 6,5 милиони гласачи, се изјасниле дека нема да гласаат. Дури 42 отсто од нив се сомневаат во регуларноста на изборниот процес.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе