Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

САД настојуваат да ја соборат цената на нафтата

Sheilaf2002/Depositphotos.com

САД настојуваат да ја соборат цената на нафтата

Америка настојува да ја смири ситуацијата на светскиот пазар со нафта и над се да го спречи натамошниот раст на цените на „црното злато“, на тој начин што претседателот Џо Бајден наложи пуштање на милиони барели нафта од стратешките резерви на САД, во следните шест месеци.

Со оваа одлука, нафтените компании кои не црпат нафта од (сега) неискористените нафтени извори ќе мора да го обноват своето производство, или ќе треба да платат за својата пасивност.

Ваквата одлука на претседателот доаѓа откако цената на гасот во САД се искачи на 4,2 долари за еден галон. На почетокот од годинава цената на гасот изнесуваше 3,3 долари.

Поскапувањето на ова енергетско гориво за еден долар по галон е директна последица на инвазијата и на војната што Владимир Путин и ја наметна на Украина, а преку неа и на Европа, но и на светот.

„Низа земји и многу луѓе во светот престанаа да ја купуваат руската нафта, па затоа и наложив да се забрани рускиот увоз на нафта во Америка, но притоа објаснив дека таквата одлука ќе има своја цена“ – има речно Бајден кои во оваа прилика побара од домашните нафтени компании да го зголемат своето производство.

Американскиот претседател рекол дека решението за ослободување на досега најголемото количество нафта од американските стратешки нафтени резерви е направено во координација со сојузниците и со партнерите на САД.

„Имаме добиено ветување од другите земји дека и тие ќе пуштат на пазарот дополнителни барели нафта на пазарот“ – рекол Бајден.

Ова е трет пат во изминатите шест месеци како САД ги користат своите стратешки резерви за смирување на пазарот и на цените на суровата нафта. Овој пат, станува збор за досега најголемото ослободување во изминатите 50 години.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе