Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Секој 13-ти Британец заразен со коронавирусот

smutkalex/Depositphotos.com

Секој 13-ти Британец заразен со коронавирусот

Пандемијата со коронавирусот во Британија продолжува да се шири и веќе има достигнато рекордни бројки.

Според најновите податоци на Бирото за државна статистика (ОНС) дури секој 13 – ти Британец е заразен. Тоа значи дека безмалку ПЕТ МИЛИОНИ жители на оваа земја имаат ковид. Само една недела претходно, инфицирани беа 4,3 милиони.

Во најновиот извештај на ОНС се вели дека сегашниот број на новозаразени Британци е најголем од април 2020 година, од кога државната статистика почна да ги следи бројот на заразените Британци и смртноста во Обединетото кралство, поврзано со овој вирус.

БА – 2 и укинување на мерките

Здравствените експерти и епидемиолозите сегашната експлозија на пандемијата ја врзуваат за брзото ширење на новата варијанта на короната – тип БА – 2 – или познат уште познат и како Делта – Крон, за кого се вели дека е поцврста на вирусот настаната со поврзувањето на долго време доминирачкиот сој Делта и на неговиот „наследник“ Омикрон.

Карактеристично е дека сегашниот вид БА – 2 е многу позаразен од претходните два и се шири многу побрзо.

Но, како причина за сегашната пандемиска криза во Британија се наведува и одлуката на владата на премиерот Борис Џонсон да се укинат – практично – сите досегашни епидемиолошки мерки за заштита, што експертите сметаат дека била пребрзана и прерано изведена.

Светската здравствена организација (СЗО) претходно веќе предупреди да не се брза со укинувањето на заштитата, укажувајќи на заканата – пандемијата одново да се врати, како што тоа беше минатата година. Иако за разлика од тогаш, еден голем дел од светската популација, посебно европската, има примено вакцина и покрај тоа што голем број луѓе остана невакцинирани – главно поради нивниот отпор кон имунизацијата.

Најчеста жртва – постарите лица

Владата во Лондон, а тоа е впечаток на експертите, не сака да го послуша нивниот совет, па се приклони на својата (популистичка) и повеќе политичка, отколку епидемиолошка филозофија дека „Британците треба да се навикнат да живеат со короната и со ковидот“ – безмалку како што се имаат навикнато да живеат со сезонскиот грип.

Британија (но само Англија, а не Шкотска и Северна Ирска) – во основа – се има вратено како на времето пред епидемијата – и ги укина сите задолжителни мерки за безбедност, што најмногу се забележува на фудбалските стадиони и на спортските терени воопшто, како и на сите места каде се собираат многу луѓе.

ОНС открива дека до овие податоци има дојдено со правењето тестови – при што на контрола се ставаат сите луѓе – без разлика дали имаат симптоми или не.

Еден од експертите вклучени во истражувањето има речено дека најголем процент новозаразени има во Англија и делумно во Велс, каде мерките на заштита се целосно укинати, а како најчести жртви на заразувањето се постарите лица.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе