Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Кина и испорачила ракетен систем на Србија

ChinaImages/Depositphotos.com

Кина и испорачила ракетен систем на Србија

Србија која е сојузник на Русија, како пред, така и сега во екот на војната во Украина, во деновите на изминатиот викенд, има добиено софистициран противвоздушен ракетен систем од Кина – открива агенцијата Асошиетед прес (АП).

Според американската агенција, чија информација ја имаат пренесено и некои белградски медиуми, целата операција на транспортирање на ракетниот систем и на кинеското вооружување, се означува како полутајна.

„Полутајна операција“

Префрлањето кинеско вооружување на Балканот се случува во време на голема загриженост на Западот од постојаното трупање оружје во регионот, кое се случува во време на војната во Украина по руската инвазија, од 24 февруари. Особено што ваквиот развој може да го загрози кревкото одржување на мирот и стабилноста во овој дел од европскиот континент.

Воени експерти имаат соопштено дека шест транспортни авиони на кинеското воено воздухопловство, слетале на белградскиот аеродром, во раните утрински часови во саботата, со кои е донесен кинескиот ракетен систем земја – воздух (ХК – 22) за потребите на војската на Република Србија.

Во својата информација, агенцијата тврди дека српското министерство за одбрана одбило да ги коментира наодите на медиумите и на некои безбедносни и воени експерти.

Целата операција на Кина во балканскиот регион се третира како “демонстрација на сила“ на Кина, при нејзиното навлегување на европскиот континент, преку Србија.

Особено што транспортот, извршен не со еден транспортен авион, како што Кина тоа вообичаено го прави, при префрлање оружје, туку со шест воени карго – авиони, има надлетано барем две земји членки на НАТО – Турција и Бугарија.

Натрупување оружје на Балканот

Безбедносните експерти имаат изразено загриженост токму поради кинескиот „масовен лет“, па затоа долетувањето и спуштањето на толку кинески воени авиони на тлото во Европа, се означува како „нов развој на ситуацијата“.

Српскиот претседател, во текот на својата предизборна кампања се има пофалено дека по изборите ќе обелодени какво вооружување и какво оружје има неговата земја. Во Белград се вели дека токму тогаш тој – индиректно – обелоденил дека Кина ќе го испорача ракетниот систем од среден дострел, што како што се вели бил договорен во 2019 година.

Претседателот на Србија, претходно, се има пожалено пред домашната јавност дека соседните земји – кои сите, освен БиХ се во НАТО – одбивале да дозволат прелетување на авионите со ракетниот систем од Кина преку нивната територија, поради војната во Украина.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе