Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Децата од Кремљ сакаат на Запад

Катерина Лаврова

Децата од Кремљ сакаат на Запад

Владимир Путин и луѓето од неговото најблиско опкружување во Кремљ кои покренаа инвазија врз соседна Украина, за да сега водат брутална војна во Европа, војуваат за да ги натераат на покорност Украинците и за да ги одвратат од патот кон Западот, кон кој се имаат определено.

Руските војници кои ги имаат испратено да убиваат и да уништуваат, државната пропаганда ги уверува оти „сите зла на овој свет потекнуваат од Западот“ – па војувајќи на украинска почва тие, всушност, ги „спасуваат“ Русија и Русите – од „злото“ што се надвисува над нивната земја!

Деца под санкции

Смешно и патетично делуваа една ваква „религија“ дури и кога би била искрена. Но, е навредливо колку е сето ова лажно и неискрено. Кон сопствената јавност, кога се знае дека децата од Кремљ, децата на овие анти – западни „крстоносци“ – живееле, или се уште се на Западот. И, над, се сакаат таму да живеат – според западните вредности.

Двете ќерки на Путин, на пример, од бракот со Људмила, разведената сопруга на рускиот претседател, имаат живеено на Западот, каде сега имаат и имот.

Едната ќерка е мажена за Холанѓанец и во неговата татковина поседува скап стан. Другата, по живеењето на „другата страна“ се има вратено во Русија, но во живот според западните стандарди. Мажена за син на косопственикот на најголемата руска банка, поседувајќи приватна фирма. Велат дека во меѓувреме се развела од богаташкиот син, но дека раководи со „научен фонд“ од 1,7 милијарди долари.

Војната што сега ја наметнаа нивните татковци, им ги поткастрија крилјата, со санкциите на кои се изложени луѓето од Кремљ, но овојпат и нивните деца и семејствата. А, тие се навикнати да живеат сосема поинаку од обичните млади Руси. Сите се образувани на Западот, а најголемиот дел од нив се таму – живеејќи скапо и луксузно.

Пескова не сака во Русија

Како пример се посочува и семејството на Дмитри Песков, кого руските опозиционери го нарекуваат “мегафонот на Путин“. Тој и целото семејство – сопругата и возрасните деца од неговите три брака, живеат и богато и ексклузивно, според највисоките западни стандарди. Барем две од децата на портпаролот на Кремљ се израснати во Западна Европа.

Руската Фондација за борба со корупцијата има откриено дека сегашната сопруга и децата од бракот со неа, поседуваат луксузна вила, скапи автомобили и милионски сметки во банките, во Русија и во Франција. Богато живее и претходната сопруга на Песков.

Ќерката Елисавета Пескова (24), пак, воопшто не крие дека не сака да живее во Русија и дека го сака животот во Западна Европа, за кој и јавно на Фејсбук има речено дека е многу подобар од рускиот. „Едноставно, таму се чувствувам многу подобро“ – има речено младата Пескова. Таа е школувана во Париз, а подоцна има работено во компанијата „Луј Вутон“.

Лаврова во стан од шест милиони долари

На удар на санкциите, за прв пат, се најде и „вечниот“ шеф на руската дипломатија Сергеј Лавров, но и неговото семејство, вклучувајќи ги керките од двата брака.

Ќерката Катерина Лаврова студирала во Лондон и во Њујорк, живеејќи во Америка 17 години.

Но, западните медиуми и руската опозиција повеќе внимание и посветува на неговата пасторка, Полина Ковалова, дете на жената со која сега живее Лавров.

Најмногу затоа што има стан во Лондон од шест милиони долари, во еден од најскапите тамошни квартови – Кенсингтон. Станот го поседува (велат го купила) кога имала 21 година. Од скоро е на удар на британските санкции и затоа што е „непознато потеклото на имотот и парите со кои располага“ – како пасторка на министерот на Путин.

За Полина се вели дека ужива да живее исклучително богато. Посетувајќи ги најскапите лондонски ресторани, носејќи дизајнерска облека и патувајќи на ексклузивни места низ светот. Секаде и секогаш прикажувајќи се како – ќерката на Сергеј Лавров.

Тој и портпаролот на Владимир Путин, инаку, се државни службеници во Русија и живеат од чиновничка плата.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе