Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Вагил Алекперов го напушти „Лукоил“

Stan_pit/Depositphotos.com

Вагил Алекперов го напушти „Лукоил“

Еден од најбогатите Руси, Вагил Алекперов извршен директор на руската нафтена компанија „Лукоил“, што тој ја има создадено и од неа направено да биде една од најугледните во оваа гранка, ја напушти компанијата. Информацијата ја потврди и самата компанија, во кусо соопштение.

Не се дадени детали за причините на оваа (не)очекувана постапка на првиот човек на „Лукоил“, но се верува дека главната причина треба да се бара во војната во Украина и во големите финански загуби што од почетокот на инвазијата ги трпи компанијата. Во периодот од 24 февруари, фирмата и Алекперов имаат загубено 3,5 милијарди долари, а вредноста на акциите, по воведените санкции против Русија, е намалена за 19 отсто.

Големи загуби од војната

Тој важи за еден од руските олигарси, чие богатство се проценува на 25 милијарди, но според руските и западните медиуми се верува дека од сите руски милијардери има забележано најголема загуба – дури 6,2 милијарди долари.

Пред се, поради падот на вредноста на акциите на „Лукоил“ за една третина, доколку ситуацијата на берзата се посматра во еден подолг период. Уште од времето кога Владимир Путин почна да ја создава кризата на границата со Украина, трупајќи војска инвазијата што подоцна уследи.

Алекперов потекнува од Азербејџан. Роден е во едно село во околината на Баку во 1950 година. Од 1992 година е прв пат поставен на местото директор во „Лукоил“. Само три години подоцна избран е и за претседател на извршниот одбор на руската Империјал банка. во таа 1995 година бил член и на главниот одбор на руското министерство за енергија и за горива.

Неговата компанија е првата во Русија која, јавно, се огласи против војната во соседството.

Вртење грб на Кремљ

„Лукоил“ прв побара од Кремљ, кому до тогаш му беше безгранично лојален, да се прекине со војувањето и се заложи за мирно разрешување на недоразбирањата на Москва и Киев. Самиот Алекперов, уште тогаш, предупреди дека војната ќе остави тешки последици врз руската економија, што неговата нафтена компанија тоа веќе го чувствува.

Заминувањето на овој олигарх – бизнисмен во Москва се смета и како „вртење грб“ на Владимир Путин и спротивставување на неговата војна. Ваквата постапка доаѓа само два дена по острата критика што преку Инстаграм му ја упати на Кремљ еден друг олигарх и милијардер, банкарот Олег Тинков.

Тој е директно погоден од војната, затоа што како многу близок до Путин е подложен на санкциите од ЕУ, САД и Британија. Во својот коментар кој има предизвикано бранување на социјалните мрежи, Тинков, меѓу другото, има запишано дека е – разбирливо што на Русија не и оди како треба во војната.

Олигарсите против инвазијата

„Како ќе имаме добра војска кога се друго во руското општество е рамно на го.но“ – смета овој олигарх.

Овој милијардер се определува против – како што ја нарекува – налудничавата војна – осудувајќи ја инвазијата и квалификувајќи ги сите оние кои ја бранат агресијата како – морони. Тој смета дека 90 отсто од Русите се против инвазијата и војната, а дека само 10 отсто се согласуваат со неа – затоа што се „обични морони“.

Така ги означува сите оние кои го цртаат знакот „Z” на кои, како што вели, не им пречи што гинат „невини војници“ натерани да војуваат.

Против војната, пред Тинков се огласија и други двајца од олигарсите – Фридман и Дерипаска – но тие не отидоа толку далеку во осудата и дисквалификацијата на руската војска и на состојбите во руското општество.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе