Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Словенија (конечно) без Јанша

grejak/Depositphotos.com

Словенија (конечно) без Јанша

Лидерот на словечечкото Слободарско движење Роберт Голоб, човекот кој на парламентарните избори од 24 април го победи „вечниот” Јанез Јанша и за кого се очекува да стане новиот премиер, во својата прва изјава рече изборните резултати се „вистински празник“, како и дека за „Словенија најпосле доаѓа слободата“.

Изборниот успех и тргањето на Јанша од власта, Голоб им ја припиша на младит гласачи со демократска определеност, на таквите невладини организации, на оние кои заговаараат цивилно општество и на големата (за Словенија) излезност на гласачите од 65 отсто.

Според него тоа и дава легитимитет на новата влада, да тргне во реформи и во ослободување н државата од националистичкото десничарење на досегашниот премиер.

„Вечниот“ лидер

Јанша е лидер на својата десничарска СДС партија безмалку три децении, откко од комунистички младински функционер стана ултрадесничар и националист, а по излегуањето од затвор, се врти во политиката и со парламентарен „пуч“ стана и премиер.

Тој и овој пат има добиено петина од гласовите, главно, од конзервативните делови на општеството, од внатрешнота на земјата и од руралните средини. Од гласачите кои беа хранети со европските пари од развојните фондови н ЕУ, за да гласаат за локалната ултрадесница кон која Јанша се сврте, според теркот на Виктор Орбан во Унгарија.

Како сега стојат работите, во словенечкиот Парламент кој има 90 пратеници ќе влезат пет партии.

Словенија свртува во лево

Најмногу праенички места има Слободарското движење (ГС) на Голоб – 40, додека партијата на Јанша има 28 пратеници. Тоа значи дека Словенија одново ќе има коалициска влада, за која мандаторот Голоб смета дека брзо ќе биде создаден.

Според политички експерти во Љубљана, Словенија е на пат да добие лево – центристичка влада, која ќе има сосема безбедно мнозинство (заедно со социјалдемократите и словенечката левица) од 53 пратеници.

Роберт Голоб е електроинженер и политичар кој 20 години е во словенечката политика. Има работено како државен секретар во министерството за економија. Во 2004 година тој е коосновач на една фирма за трговија со енергија, со која управува до крајот на 2921 година.

Нова надворешна политика

Во јануари годинава е претседател на мала партија на Зелените која потоа е именувана во Слободарско движење.

Помалку од пола година подоцна, ова движење уверливо освои најмногу гласови на изборите, а лидерот Роберт Голоб го тргна Јанша и ќе ја предводи владата на оваа поранешна ЈУ република.

Уште на стартот од својата нова позиција, најави драстични промени во надворешната политика на земјата, која Јанша ја доведе на работ да стане дел од „црната алијанса“ која ја предводи Орбан – сојузник на досегашниот словенечки премиер.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе