Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Расте бројот на заболени деца со „мистериозниот“ хепатитис

Foto-VDW/Depositphotos.com

Расте бројот на заболени деца со „мистериозниот“ хепатитис

Здравствените власти на Велика Британија потврдија дека продолжува да се зголемува бројот на деца заболени со „мистериозниот“ хепатитис, за што прв пат беше соопштено на 12 април . Болеста  го напаѓа и го оштетува црниот дроб кај малечките деца – на возраст од една до пет години.

Пред две недели беше соопштено дека до почетокот на февруари имало регистрирани 75 вакви случаи, сега меѓутоа властите знаат за 170 заболени мали деца и тоа само во Британија. Од нив, 115 се сериозно болни и на нив им е потребно итно лекување, додека кај десет деца ќе мора да се изврши трансплантација на црниот дроб.

Познато е дека „барем едно дете“ е починато.

Вината во аденовирусите?

Во меѓувреме Светската здравствена организација (СЗО) како и Европската агенција за здравје потврдија дека болеста е раширена низ неколку европски земји и дека се знае оти продолжува да се шири.

Здравствените експерти и натаму трагаат по причините за избувнувањето на овој хепатитис, за кого засега се знае дека не потекнува од некоја од досега познатите причинители на болеста, како и дека таа не е поврзана со било која од вакцините против коронавирусот. Ниту едно од децата кои имаат хепатитис не било вакцинирано.

Но, досегашната истрага наведува дека е можно да се најде врска на заболувањето кое наеднаш се појави, со аденовирусите и тоа типот Ф – 41.

Овие вируси виртуелно како да исчезна за време на пандемијата со короната, најмногу затоа што луѓето не се мешаа поради епидемиолошките мерки, но сега се вратија и се смета дека ја имаат предизвикано оваа епидемија на заразен хепатитис. Вакви случаи освен во Британија и во 11 земји на ЕУ, има и во САД, во тамошните јужни сојузни држави.

Оваа група вируси на хепатитис сочинуваат заедница од вируси кои предизвикуваат низа заболувања – од настинка, воспаление на очите, но и гастроентиритис. Ретко се случува да се јават како причина за тежок хепатитис кај здрави луѓе.

Нема потреба од правење паника

Во сегашниот случај се верува дека дошло до ескалација на аденовирусите и тоа во поголем обем од оној пред Ковид – 19. Барем кога станува збор за случаите во Британија. Сепак, британските експерти признаваат дека иако (се верува) во „вината“ на аденовирусите, се уште не може точно да се определи – што го предизвикува воспалувањето на црниот дроб што е регистрирано кај сите заболени деца.

Некои американски експерти дури веруваат дека во прашање е нов тип на аденовируси кои сега се имаат појавено, а за кои научниците не знаат. Во Британија се знае дека просечната старост на инфицираните и заразените деца е три години, но дека не се испитува каква е состојбата кај постарите – оние поголеми од десет години.

Заболувањето на црниот дроб е сериозно, поради големото значење што овој орган го има за луѓето воопшто – како прочистувач на крвта и како заштитник од разните инфекции.

Лекарите сметаат дека појавата на новото заболување треба да биде причина за загриженост, но и дека нема потреба од создавање паника. Треба да се применува лична и колективна хигиена и навремено да се бара помош од лекар при секоја „сомнителна ситуација“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе