Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Британија: Порнографија во Вестминстер

terovesalainen/Depositphotos.com

Британија: Порнографија во Вестминстер

Британскиот премиер Борис Џонсон мораше да реагира со специјална изјава, откако се откри дека еден пратеник од неговата Конзервативна партија гледал порнографски клипови на својот мобилен телефон – во Долниот дом на Парламентот на Обединетото кралство.

„Гледањето порнографија, на работното место е апсолутно неприфатливо – не само во британскиот Парламент, туку тоа е недопустливо на било кое работно место“ – рекол Џонсон во текот на редовната дебата, кога пратениците му поставуваат прашања на премиерот.

Станува збор за пратеникот Нил Периш (65) кој е веќе суспендиран од пратеничката група на конзервативците, додека трае покренатата парламентарна истрага.

Тој, меѓутоа, тврди дека самиот се пријавил за истрагата. Во изјава за Би – Би – Си има речено дека „по грешка отворил нешто на мобилката што не требало“. Периш е долго време пратеник, поранешен европратеник и важи се конзервативен политичар. Оженет е, татко на две возрасни ќерки и дедо.

Порно – клипови во Долниот дом

Случајот кој некои медиуми го квалификуваат како „уште еден скандал во Вестминстер“, го пријавиле две пратенички, од редовите на конзервативците и веднаш за тоа го известиле лидерот на пратеничката група на ториевците. Тие изјавиле дека виделе како нивниот колега се забавува гледајќи порно.

Била известена и канцеларијата на државното обвинителство, од каде била побарана детална истрага и притоа било речено дека доколку се покаже дека сето тоа е вистина, пратеникот треба да се суспендира и да се исклучи трајно од британскиот Парламент.

Случајот доаѓа во време кога се расправа за „инцидентни ситуации“ во кои се имаат најдено дури 56 пратеници и тројца владини министри -,  поврзано со „сексуалното лошо однесување“ – за што веќе се покренати истраги од парламентарните служби. И, особено, после големиот публицитет во медиумите и во британската политичка јавност околу, наводното, заводливото однесување на една опозициска пратеничка кон премиерот Џонсон.

„Заводливата“ пратеничка

Приказната ја покрена проториевскиот весник „Меил он Сандеј“ кој повикувајќи се на изјава на анонимен пратеник – конзервативец, тврдеше дека заменик лидерот на лабуристите и пратеничка Анџела Рејнер – „намерно ги префрлала нозете и ги прекрстувала – како Шерон Стоун во филмот „Опасни страсти“ – за да го деконцентрирала премиерот, одвратувајќи го неговото внимание”!?

Во салата на Долниот дом во Парламентот, премиерот и министрите од секогаш седат наспроти опозициските пратеници, па и пратеничката Рејнер, која како заменик лидер, седи во првиот ред.

Но, бурната реакција што ја предизвика весникот, го натера портпаролот на Даунинг стрит 10, да реагира со предупредување дека „културата во Парламентот станува загрижувачка,  дека не е добра и дека од таму постојано доаѓаат инциденти кои ја шокираат јавноста“.

Британската телевизија Скај открива дека истрага за пратеникот има покренато и партијата на Џонсон. Низа нејзини функционери, како и владини министри сметаат дека инцидентот со гледање порнографија во Долнот дом е „невиден скандал“ и дека станува збор за нешто што досега се нема случено.

Дисциплинирање на пратениците

Се бара идентификување на пратеникот и негово строго казнување, затоа што со својот гест го има повредено угледот на Парламентот – најстар во светот – како и угледот на пратеничката функција, а дека со тоа ги има „повредено и понижено“ своите колешки – пратенички.

Сега сите бараат итно дисциплинирање на пратениците, како и санкционирање на сите досега познати инциденти врз сексуална основа.

Медиумите потсетуваат на однесувањето на сега бившиот министер за здравство, уловен од безбедносните камери во Парламентот како страсно се бакнува со својата советничка. Циниците во домашната политика, пак, за ваквата ситуација укажуваат на лидерот на конзервативците и премиер Борис Џонсон и неговиот бурен приватен живот. Тој зад себе има три брачни и една вонбрачна врска, од кои има седум деца.

Во меѓувреме, Нил Периш поднесе оставка на пратеничката функција. Под силен притисок на Конзервативната партија, но и по признанието дека на два пати гледал порно во Парламентот. Првиот пат било „случајно“, но вториот пат- од љубопитство. Оставката ја поднел затоа што гледањето порнографија е кривично дело.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе