Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Авионска егзибиција за новиот „Топ Ган“

Paramount Pictures

Авионска егзибиција за новиот „Топ Ган“

Американската ѕвезда Том Круз (59) со претходно снимена егзибиција – балансирајќи на крилото на авион во лет – го промовираше својот нов филм „Топ Ган“. Круз кој стана познат по изведувањето на разни спектакуларни вратоломии во филмовите во кој се појавува, продолжувањето на „Топ Ган“ го има претставено во Лас Вегас со специјално направено видео снимено во Јужна Африка.

Филмот требаше да има премиера уште во 2020 година, но од тогаш премиерното прикажување беше неколкупати одлагано поради пандемијата со коронавирусот, па сега е закажано за фестивалот во Кан, во јужна Франција, следниот месец.

„Топ Ган“, инаку, ги враќа гледачите во добро познатата приказна и во ликовите од првиот филм, снимен пред безмалку триесет години, за младиот пилот Маверик и за неговите другари од единицата на американското воено воздухопловство, со емоционалните потсетувања кои се провлекуваат низ првата верзија.

Деталите на филмот не се откриваат се до свечената премиера. Но, оние кои имале можност да го гледаат филмот „Топ Ган Маверик“ после промовирањето на специјалната презентација на компанијата „Парамаунт“ – имаат само пофалби за овој филм на Круз.

Во меѓувреме, тој продолжува да работи и на продолжувањето на филмовите од серијата „Невозможна мисија“.

Во неговата работа се тече со голема брзина, па филмскиот и телевизиски продуцент Џери Брукхајмер, по промоцијата во Лас Вегас има изјавено дека „Том Круз работи, постојано, со таква брзина што, едноставно, никој не може да го стигне“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе