Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Короната предизвика смрт на 15 милиони луѓе

manoejp7/Depositphotos.com

Короната предизвика смрт на 15 милиони луѓе

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека од пандемијата на коронавирусот се починати близу 15 милиони луѓе во светот. Тоа значи дека вкупната смртност во последните две години, во светски рамки, е зголена за дури 13 отсто.

СЗО верува дека многу земји, во своите извештаи за смртноста од короната, не ги пријавиле вистинските бројки – што од погрешната методологија, а што од намерата да ја сокријат состојбата со епидемијата на својата територија, затоа што бојот на умрените според официјалните пријави на земјите изнесува 5,5 милиони.

Проценките на СЗО, правени според нивните научни анализи, покажуваат дека само во Индија вистинската бројка на жртвите е 4,7 милиони, што е дури десет пати повеќе од официјалните податоци на тамошните здравствени власти. А, тоа е дури една третина од (реалната) бројка на смртните случаи во светот.

Индија рекордер

Владата на Индија реагираше со сомнеж и неверување во анализите на СЗО, објаснувајќи ја со загриженост методологијата на Светската организација.

Но, поразувачки е за Индија што и други студии кои се правени за оваа земја се дојдени до сличните заклучоци, укажувајќи на далеку поголемата смртност од онаа што тамошните власти ја имаат прикажано и дадено како службен податок на СЗО.

А, методологијата што организацијата ја правела се заснова на т.н. „вишок на смртни случаи“. Односно на тоа – колку луѓе повеќе, починале од она што нормално би се очекувале, според морталитетот во една иста област, пред избувнувањето на пандемијата.

Оваа пресметка ги зема во предвид и смртните случаи кои не биле директна последица на короната, туку биле резултат на неговите негативни ефекти. Во оваа категорија биле ставени оние луѓе кои не биле во можност да дојдат до болница или здравствена установа, за да добијат соодветна медицинска заштита.

„Разубавување“ на евиденцијата

Како проблем, СЗО го споменува и лошото водење на евиденцијата (околу заразата и смртноста) во определени реони од светот, како и реткото тестирање на почетокот од епидемијата.

Светската здравствена организација, во својата анализа за смртноста, наведува дека повеќето од дополнителниот „вишок“ смртни случаи од цели 9,5 милиони, над официјалните 5,5 милиони, се директните смртни случаи, предизвикани од вирусот, а не и од последиците што ги има предизвикано врз здравјето на луѓето.

Во одделението на СЗО за податоци сметаат дека сто ова е една „голема трагедија“, затоа што како организација важно е да им се оддаде почит на умрените, но политичарите и оние кои ги имаат „разубавувано“ податоците – треба да се земат на одговорност – за тоа што го имаат правено.

Потребен нов систем за податоци

„Доколку точно не се избројат мртвите, ќе се пропушти можноста светот, епидемиолозите и здравството, подобро да се подготват за следните пандемии“ – има речено за Би – Би – Си експертот на СЗО др. Самира Асма.

Покрај Индија, најголема смртност имаа забележано Русија, Индонезија, САД, Бразил, Мексико и Перу. Бројките за Русија, на пример, се 3,5 пати поголеми од оние кои властите официјално ги имаат прикажано и пријавено. Извештајот на СЗО, исто така, го анализира и вишокот на смртни случаи во однос на бројот на населението во секоја земја.

Според оваа анализа, стапката на смртност во Велика Британија, како и во Америка, Шпанија и Германија – била над светскиот просек во текот на 2020 и 2021 година.

Сега се бара итна потреба за подобар систем за прибирање на податоците околу смртноста на луѓето.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе