Поврзете се со нас

Skopje Global

Споменик на Астрид Линдгрен, писателка, Шведска

Европа/ЕУ

Сега и Швеѓаните се „нацисти“

Статуа на шведската писателка Астрид Линдгрен, olgacov/depositphotos.com

Сега и Швеѓаните се „нацисти“

На неколку локации во Москва осамнаа плакати на кои Швеѓаните и Шведска се обвинуваат дека се „нацисти“ !?

На пропагандниот плакат се ставени фотографиите на неколкумина познати и угледни шведски личности- посателката за деца Астрид Линдгрен ( „Пипи Долгиот чорап“), прославениот режисер Ингмар Бергман, шведскиот крал Густав Пети, како и создавачот на светски угледната компанија „Икеа“.

До нивните фотографии се наоѓа пораката- „Ние (Русите)  сме против нацизмот – тие не се“!

Линдгрен, Бергман и кралот Густав

Првиот таков плакат е поставен до автобуската станица, наспроти зградата на шведската амбасада во рускиот главен град, но засега се забележани уште неколку, од кои едниот е во самиот центар на Москва.

Наводно, плакатите со ваква дисквалификација се дело на некоја руска патриотска организација, наречена „Наша победа“ и се појавуваат непосредно пред празникот Денот на победата (9 мај) што Русија ( и овој пат) ќе го одбележи со воена парада на Црвениот плоштад. Но, се верува дека зад ова стои службената државна пропаганда на Кремљ што постојано го повторува „опревдувањето“ за инвазијата врз Украинската територија, со лажното тврдење на Владимир Путин за тоа дека агресијата, всушност, е борба на Русија со нацизмот (во Украина).

Станува збор за типично руска, од времето на советскиот комунизам, замена на тези- нападни за да се одбраниш. Обвини некој друг за она што самиот го правиш- што и денес се среќава во путинова Русија, во една Белорусија, па и во  орбанова Унгарија, но и во земјите на Западен Балкан- вклучувајќи ја и Македонија.

Пропаганда за „испрани мозоци“

Независни аналитичари сметаат дека Москва продолжува да го форсира ( кај себе и кај својата јавност) лудилото и користењето на „испраните мозоци“ кои треба да веруваат и да прифатат се што ќе им понуди државната пропаганда. Како нацисти ( освен Зеленски и борците од отпорот на руската агресорска армија) , минатата недела беа прогласени и Евреите и Израел, а сега на „обвинителната клупа“ Кремљ ги става и Швеѓаните.

Веќе  250 години тие немаат војувано со никого, за разлика од една Русија. Таа  само во последните 30 години на посткомунизмот и по распадот на СССР,  со боена сила покоруваше делови од Молдавија, од Грузија, Ерменија и сега Украина, интервенирајќи во стилот на пружање „братска помош“ и во некои од муслиманските држави, поранешни републики на екс Советски Сојуз. Или, секаде доколку некој ( некаде) се осмели  да се обиде да се извлече од покорноста кон Москва.

На овој начин, излегува дека сите се „нацисти“ , само затоа што Русија на Владимир Путин – во стилот на нацистичка Германија , од времето на Втората Светска војна- на 24 февруари покрена масовна инвазија против соседна Украина.

Напуштање на неутралноста

Во тој стил е реакцијата и на Министерството за надворешни работи во Стокхолм во кое се вели дека – на Шведска не е паѓа на памет да полемизира со организацијата „За победа“. во Шведското министерство забележуваат дека „Русија им го прикачува нацизмот на сите оние кои , оправдано, се против она што го прават Русите“.

Ваквата дисквалификација доаѓа по најавите дека Шведска , како и Финска, наскоро ќе објават дека се приклучуваат кон НАТО, отстапувајќи од досега прокламираната воена неутралност.

Двете земји од Северот на Европа и досега имаа силни врски со Северноатланската алијанса, но  сега бараат да станат и формално членови на НАТО, по анексијата на Крим и организираната побуна во Луганск и Донецк во 2014 година и посебно по сегашната брутална руска агресија врз Украина.

(М.Р.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе