Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Русите бегаат од Русија

vigenmnoyan/Depositphotos.com

Русите бегаат од Русија

Руската инвазија врз Украина предизвика вистински егзодус на Украинците кои бегајќи од бомбите и ракетите, како и од злосторствата на војската на агресорот, спас и уточиште бараат во најблиските соседни држави – најмногу во Полска, но и во Словачка и Романија, како и низ државите од ЕУ и надвор од Унијата.

Но, војната што Владимир Путин и ја донесе на соседната земја – создаде општествена и миграциска криза и во самата Русија, на која сега и ветува „победа“ – како што поранешната советска армија беше еден од победниците во Втората светска војна.

Ваквите зборови на рускиот претседател делуваат цинично и лажно, бидејќи ги изговара човекот кој е главниот виновник за воената атмосфера што се создаде и во земјата со која авторитарно управува. И, затоа што ова се случува во време кога руските граѓани, барем оние кои не се оптоварени со лажниот патриотизам на Кремљ, се навикнаа да бидат дел од Европа и да живеат европски.

Над четири милиони избегани

Голем број од нив, затоа, имаат одлучено да не ја чекаат ветената победа на лидерот, па веднаш по почетокот на инвазијата (24 февруари) а, многумина и пред тоа – почнаа да емигрираат. Тие не веруваа во пропагандата на Кремљ која, пред тоа, уверуваше дека – „нема да има инвазија и дека сето тоа е западно измислување“ – па почнаа да бегаат од Русија – на Западот, како и насекаде низ Европа . Само за да бидат подалеку од војната и од она што таа им донесе на Русите.

Тоа се острите и сеопфатни санкции, какви досега никому не му биле наметнати. Како казна за покренувањето војна на тлото на европскиот континент – прва по крајот на Втората светска војна.

Се покажа дека „обичните“ и богатите Руси повеќе веруваа во предупредувањето од ЕУ и САД за тоа дека (овој пат) светот нема да одмолче на агресија,  како што тоа го направи во 2014 година и дека ќе ја казни Русија  – па, веднаш почнаа , забрзано да се иселуваат од својата татковина.

Над 4 милиони руски државјани избегале од Русија – само во првите три месеци од оваа година. Станува збор за официјален податок на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) – наследничка на некогашната тајна советска служба КГБ.

Преселување во екс советските републики

Во соопштението на службата се вели дека не се знае дали некои од оваа маса бегалци во меѓувреме се вратиле, но се знае каде заминале оние кои заминале.

Според ФСБ „значително е зголемен бројот на луѓето кои заминале во поранешните советски републики “ – сега независни држави, по почнувањето на „специјалната воена операција“ како што руската пропаганда ја нарекува инвазијата и војната во Украина.

Кога се анализираат овие службени податоци, аналитичари велат дека први почнале да бегаат оние кои се против инвазијата и војната, но и оние кои се против актуелната власт и против тоа како Путин владее со Русија.

Тие имаат избегано на Западот, во некоја од земјите на ЕУ, но и во држави кои ги сметаат за „безбедни“ за нив, за тоа дека нема да бидат следени (по налог на руските власти) и протерани, или вратени во Русија – поради било која причина.

На Запад преку Финска

Како еден од коридорите за напуштање на земјата, е користена Финска, посебно железничката линија Санкт Петербург – Хелсинки, како и авионскиот превоз, додека летовите кон и од Русија не беа ставени под санкции.

Кога тие стапија во сила, многумина Руси ја имаат користено авионската линија до Белград, со надеж дека од српскиот главен град би можеле да се префрлаат до некоја европска дестинација – не верувајќи до крај во непристрасноста (за војната) на властите во Србија. Во тој период, Русите имаат бегано и во Турција, која одржуваше авионски летови со Москва, за да се префрлат на јужниот средоземноморски  брег.

Во втората категорија руски бегалци влегуваат оние исплашени дека Путин ќе воведе воена состојба и општа мобилизација. Особено доколку и објави војна на Украина. Весникот „Москоу Тајмс“ коментирајќи ги откритијата за бегството на Русите од Русија, тврди дека „не се точни стравувањата за објавување војна“ заговарајќи да не се бега од земјата. Но, руските граѓани очигледно не веруваат во ваквите уверувања.

Оние, пак, богатите (не олигарсите), продолжуваат и понатаму да се иселуваат во странство, иако тоа во Москва сега се нарекува – купување недвижен имот во некоја странска земја.

Богатите бегаат во Дубаи

Најпопуларни се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Посебно е популарен Дубаи, каде според податоците на тамошните агенции за продажба на недвижнина – повеќе илјади богати Руси имаат купено и купуваат вили во овој Емират, или скапи станови, во кои имаат намера да останат да живеат.

Особено што таму се чувствуваат безбедно, затоа што ОАЕ не ја имаат осудено руската инвазија, а не планираат да воведат ниту санкции за режимот во Москва.

Никој од  луѓето- бегалци не зборува до кога планираат да останат надвор од Русија, но сите имаат речено дека ќе бидат надвор од својата земја додека „не се расчистат работите“. Едни мислат на завршување на војната и разрешување на кризата во односите со Украина, додека други сметаат дека не се враќаат додека нивната земја – “не се демократизира“.

Финансиски експерти на Западот, меѓутоа, сметаат дека преселувањето во Дубаи, или купувањето станови за живеење и во Црна Гора, на морскиот брег, каде цените во изминатите три месеци се три пати зголемени – се користат и како еден од начините за да се избегнат санкциите.

(М.Р.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе