Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Коронавирусот се враќа во Грција

Ale_Mi/Depositphotos.com

Коронавирусот се враќа во Грција

Организацијата за јавно здравје во Грција потврди дека во земјата одново се зголемува бројот на новозаразените со коронавирусот.

Според сознанијата на организацијата, во четвртокот биле регистрирани 10.500 нови случаи со корона, 17 лица починале од овој вирус, а други 90 се интубирани и за нив се вели дека се наоѓаат во тешка состојба. Здравствените власти изјавиле дека станува збор за невакцинирани лица, или за оние кои имаат примено само една доза.

На болничко лекување во Грција досега се примени 200 пациенти заболени од Ковид, што е за 13,6 отсто повеќе, во споредба со само еден ден пред тоа. Но, ако на почетокот на пандемијата, од вирусот заболуваа, пред, се возрасни и стари лица, сега просечната возраст на хоспитализираните изнесува 37 години.

Островите први на удар

Бројките кои ги презентираат Организацијата за јавно здравје и грчките лекари се најнови и се однесуваат на новозаразени лица, откриени откако владата во Атина ги укина сите досегашни мерки за ограничување воспоставени во текот на глобалната пандемија со коронавириусот и ги отвори вратите за наплив на странски туристи.

Во сегашниот нов налет на вирусот, чии корени се уште не се откриени, епидемијата најмногу се шири по грчките острови – популарна дестинација на странските туристи, но короната е регистрирана и во копнениот дел од земјата.

Најмногу новозаразени има на островот Миконос, од 51 отсто, а потоа следат островите Санторини (34 отсто) и Милос (33 отсто).

Во другите делови од Грција, заразеност од над 20 отсто има во Парос, во западниот дел од полуостровот Атика, на кој се сместени и Атина и Пиреја, како и на Карпатос. Процентот на ново заразени пациенти низ земјата главно се движи до 20 отсто од населението.

Враќање на заштитните мерки?

Здравствените експерти тврдат дека новиот бран од пандемијата е започнат во почетокот на овој месец (јуни) и дека Грција се наоѓа во фаза на „интензивно забрзување“ на инфицираноста, предупредувајќи дека имунитетот кон новите видови од коронавирусот трае пократко, во споредба со времето кога пандемијата беше во полн ек.

Грчките лекари, затоа, и сугерираат на владата – сега кога пандемијата е одново во подем, а земјата се полни со туристи – да се вратат некои од мерките за заштита и за одбрана од вирусот, што почнаа забрзано да се ублажуваат од 1 мај – од почетокот на оваа туристичка сезона.

Во текот на изминатите 2,5 години, од Ковид во Грција биле заразени и заболени околу 3,6 милиони лица, или над една третина од вкупното население. Над 30.200 починале од вирусот, или од последици предизвикани од инфицираноста со коронавирусот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе