Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Медиумски упад на Орбан и во Србија?

m.iacobucci.tiscali.it/Depositphotos.com

Медиумски упад на Орбан и во Србија?

Унгарската телевизиска компанија ТВ – 2 се има пријавено на конкурсот во Србија за добивање национална телевизиска фреквенција во државата, јавуваат белградските медиуми кои откриваат дека се пријавиле вкупно 14 компании – во најголем број домашни.

Пријавувањето и на една унгарска медиумска компанија предизвика внимание во Белград, но и во Будимпешта, затоа што дозвола за зрачење програма на српскиот ТВ простор бара компанија, која унгарски независни медиуми откриваат дека е под целосна контрола на Виктор Орбан. За неа уште се знае дека политички е – националистички обоена – со програма која е популарна кај тамошните гледачи со своите програми во кои домираат т.н. риалити шоу емисии, за кои се вели дека се границата на добриот вкус.

Во Македонија и Словенија

Сопственик на ТВ – 2 е Унгарецот Перинц Месарош, за кого се знае дека не само што е политички и идеолошки близок со Орбан, туку тие двајцата се и другари од детството. Поради тоа, во Унгарија никој не е е изненаден што оваа телевизија е ставена во функција на орбановата политика и се наоѓа под контрола на унгарската влада.

Најавата за упад на ТВ – 2 на српска територија, доаѓа откако оваа телевизија и компанијата Медија – Груп под чија „капа“ се наоѓа, веќе се навлезени во регионот.

Компанијата има купено (порано) независна телевизиска станица во Македонија, како и купено или создадено со орбанови пари, низа интернет весници, во време на режимот на сега избеганиот екс премиер, осуденик за криминал кој најде прибежиште, а веднаш потоа и политички азил во Будимпешта.

Бегалецот сега е под заштита на унгарската власт и на орбановото судство. Од таму раководи со партијата во Македонија, додека медиумите што ги имаат купено Унгарците, беа и останаа во функција на тврдата десничарска, националистичка, антиевропска и антизападна определба на опозициската вмровска партија.

Политичко – идеолошки зделки

Унгарската Медија – Груп, потоа во Словенија купи неколку електронски и печатени медиуми, во времето кога таму владееше Јанзе Јанша – идеолошки и политички истомисленик и сојузник на Орбан, за да бидат (како и оние во Македонија) ставени во функција на така определената доскорешна словенечка влада. Во Љубљана беше купена тамошната Планет – ТВ, од словенечкиот Телеком, со силна поддршка и лобирање на јаншиниот владин кабинет.

Некои медиуми во Будимпешта објаснуваат дека она што се случи во Словенија (и во Македонија) се чисто политички зделки.

Во двата случаи станува збор за човек на Орбан, за кој се знаеше дека неговата телевизија ќе му два поддршка само на Јанша, како што во македонскиот случај – медиумите со унгарски пари, работат во корист на вмровската партија и за соборување на проевропски и либерално ориентираната актуелна влада.

Освен тоа, и во двете балкански земји станува збор за ист тип на политичари – обајцата во судар со законот – со таа разлика што екс словенечкиот премиер не избега во странство.

Непознати цели во Србија

Сега, кога се знае дека орбановата офанзива се проширува и на Србија, унгарски новинари се прашуваат со каква цел будимпештанската ТВ – 2 сака да се инсталира и на српската територија.

Орбан и српскиот претседател имаат мошне блиски односи. За Белград, Унгарија е стратешки партнер, статус каков има и Русија. Двајцата политички лидери имаат истоветни идеолошки погледи, а медиумската ситуација во Унгарија и Србија е речиси идентична.

Во такви услови, во Будимпешта, но и во Белград се смета дека на српските власти не им треба унгарска помош за да ја имаат под медиумска контрола домашната јавност – онака како што тоа се прави во Словенија и во Македонија.

Како единствена разумна претпоставка се смета на постоењето некаков, заеднички, економски интерес, корисен и за двете страни. Меѓутоа, за каков интерес станува збор – не се знае. Но, оценка е дека во Србија, сигурно, нема да има политичка зделка со медиумите на Виктор Орбан.

(Д.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Западен Балкан

Горе