Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Анти-ковид вакцините спасија 20 милиони луѓе

ridofranz/Depositphotos.com

Анти-ковид вакцините спасија 20 милиони луѓе

Околу 20 милиони човечки животи се спасени, благодарејќи на анти – ковид вакцините и тоа само во првата година откако почнаа да се употребуваат – покажува истражувањето на угледниот лондонски Империјал колеџ.

Истражувањето е објавено во британското специјализирано медицинско списание „Лансет“ и во него се истакнува големата улога на вакцините во борбата со пандемијата и за спасувањето на човечки животи.

Британката Меги Кенан, која беше во поодминати години, беше првата која прими вакцина, откако беше завршено клиничкото тестирање – на 8 декември 2020 година. Дури 66 отсто од светската популација, се смета дека по неа има примено најмалку една доза вакцина.

Според американскиот Универзитет Џонс Хопкинс, над 11 милијарди вакцини се пуштени во оптек и досега се употребени, но во ова време од 2,5 годишната пандемија со коронавирусот 6,3 милиони лица починаа од вирусот и од последици предизвикани од инфицираноста.

Светската здравствена организација (СЗО), меѓутоа, смета дека околу 600 илјади смртни случаи можело да бидат спречени, доколку успееше планот на СЗО за вакцинирање на 40 отсто од населението – на глобално ниво – до крајот на 2021 година. Сепак, дури 7,5 милиони животи се спасени во земјите кои беа дел од Ковакс – шемата, создадена за вакцинирање на населението во помалку богатите и во посиромашните држави.

Истражувањето што е направено врз основа на расположивите податоци од 185 земји,меѓутоа, ја покажува и длабоката поделеност во светот – на богати и на сиромашни – што не можеше да се избрише и во случајот со масовната вакцинација.

Само во 57 земји, најголем број од нив од редот на најбогатите и економски најсилните во светот, можеа да спроведат вакцинација на 70 отсто од својата популација.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе