Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Торба со милион евра за принцот Чарлс

jamieroach/Depositphotos.com

Торба со милион евра за принцот Чарлс

Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс, има примено торба со еден милион евра, како донација, од поранешниот премиер на Катар – открива лондонски „Сандеј Тајмс“

Весникот пишува дека вакви донации за фондациите на принцот, од по еден милион во готови пари, Чарлс има примено на три пати, од катарскиот шеик Хамадбин Јасим кој на тој начин има префрлено вкупно три милиони евра.

Донациите Чарлс ги има примено меѓу 2011 и 2015 година. Еднаш торба со евра била предадена во Кларенс Хауз, службената резиденција на престолонаследникот во Лондон, при една нивна заедничка средба, додека друг пат пари за донација биле ставени и дадени во торба – кеса од отмената и скапа лондонска стоковна куќа „Фортнам и Мејсон“.

„Нема ништо нелегално“

Во брзо издаденото соопштение на Кларенс Хауз се вели дека примените пари веднаш биле префрлани на сметката на една од хуманитарните организации кои ги покрива Фондацијата на принцот и притоа се инсистира дека сето тоа било „сосема коректно изведено и процесирано“.

Примател на парите од катарскиот шеик бил Фондот Принцот од Велс, хуманитарна организација која е активно вклучена, користејќи грантови што потоа во тој облик се префрлаат за разни активности. Многу често за извршување конзерваторски работи, но и за потребите во секторот на образованието, во јавното здравство и за разни облици на социјално интегрирање.

Фондацијата, од своја страна, инсистира дека станува збор за легитимен и познат донатор, со висока функција во Катар, во времето кога парите се предавани.

Пари во торба од стоковна куќа

Но, за дел од британската јавност, остануваа како дилема давањето и примањето кеш пари, без разлика – како што се тврди – службената резиденција на Чарлс, дека ниту во еден момент не била загубена трагата на добиените пари.

Во Британија не е вообичаено, па се смета и за нелегална постапка, ваков начин за префрлање пари, па нека се и за хуманитарни цели, затоа што секогаш притоа постои опасност за „перење на парите“. Затоа, се смета дека е мошне тешко е да се верува дека една ваква операција би поминала во случај да стануваше збор за „обични луѓе“.

Не е притоа јасно, зашто катарскиот шеик парите за донација ги има предавано на овој начин – во кеш, во обична торба – како и тоа, зашто принцот Чарлс, воопшто, ги примал на начин што може да се означи како нетранспарентен.

Донации за жителство?

Меѓутоа, официјално, никој и со ништо не тврди дека во целата таа донаторска операција имало нешто нелегално.

Медиумите во Лондон потсетуваат дека пред овој случај, околу Кларенс Хауз и престолонаследникот се отвори прашањето за тоа дека донации за давале и се примале за „купување“ британско жителство. Лондонската Метрополитен полиција покрена и истрага за лица вработени во службената резиденција на Чарлс

Посебно стана збор за милијардерот Мафхуз Мареј Мубарак, за тоа дека (наводно) донирал пари за да добие една од почесните британски ројалистички одликувања и титули. Тој тоа го демантираше, а полициската истрага не најде ништо сомнително и нелегално.

(Д.Л.).

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе