Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Руско воено злосторство и во Кременчук

uwstas/Depositphotos.com

Руско воено злосторство и во Кременчук

Во време додека лидерите на седумте најголеми економии во светот беа собрани на редовниот, годишен Самит Г – 7, во баварските Алпи, во Германија, договарајќи се „поддршката и помошта за Украина да трае додека тоа е потребно“, Владимир Путин нареди ракетирање на украинскиот град Кременчук.

За одмазда и како порака до Западот и светот дека Русија ќе продолжи да ја уништува украинската територија и да убива Украинци.

Две ракети, лансирани од воздух, од авион – бомбардер, што полетал од Русија и ги испукал ракетите на оддалеченост од 300 км, додека бил во рускиот воздушен простор (во реонот на Курск), го погодија градот, предизвикувајќи смрт на 20 лица и ранување на други педесетина.

Сите загинати и повредени се цивили. Никој од нив не носел оружје, а уште помалку бил закана за агресорот и неговите воени сили. Сите тие биле на работното место, или биле посетители – купувачи во локалниот трговски центар, што Путин и неговите генерали го одбраа за цел на нападот и за нова жртва на руската агресија и бруталност.

Цивилен објект – цивили жртви

Кременчук е индустриски град од околу 22о илјади жители, лоциран на реката Дњепар, во областа Полтава (што Русија ја смета за своја територија од царските времиња), но во денешно време е познат по тоа што таму е сместена најголемата украинска рафинерија за нафта.

Властите во Киев го оквалификуваа нападот врз цивилен објект како тероризам и варварство, какво немало во Европа, од времето на офанзивата на германските нацистички сили низ континентот. Станува за уште едно злосторство после она во малото место Буча, северно од Киев, каде беа потепани локални цивили и по нападот врз породилиштето во Мариупол, како и врз еден локален театар во кој бараа засолниште и спас луѓето од градот, бегајќи пред руските солдати.

Но, веднаш по новиот напад, директно врз еден цивилен објект, Кремљ и тамошната команда ја вклучија својата пропагандна машинерија за лажно прикажување на настаните.

Прво да го негираат, па потоа да го минимизираат нападот, а потоа да ја обвинуваат украинската страна и (нормално) Западот дека се виновни за она што се случи во локалниот шопинг – центар на Кременчук.

Лажна пропаганда

Првичната руска реакција беше дека експлозијата и уништувањето на трговскиот центар е подметната работа и подметнат напад (!?) за да им се напакости на Русите. Потоа го признаа нападот, но измислија нова приказна – дека жртвите не се од руските ракети кои (наводно) погодиле некакво тајно складиште со западно оружје кое било прилепено за зградата на трговскиот центар.

Според руската пропаганда, излегува дека загинатите и ранетите цивили се само жртви на експлозијата на муницијата која таму се чувала.

Независни експерти, меѓутоа, веднаш покренаа истрага за да се утврди која страна – украинската, или руската – е во право. Го имаат посетено самото место на нападот во кој шопинг центарот кој е уништен, ги имаат утврдено фактите на теренот и ги имаат соголено лажните приказни кои Москва ги продава.

Пред се, својата домашна јавност која верува во „ослободителната мисија“ на путиновата војска во Украина, но и за русофилите расфрлани низ Европа кои продолжуваат да подржуваат воена агресија и убивање на еден народ.

Нема таен хангар за оружје

Првите заклучоци од обичното посматрање на теренот што Русите го ракетираа, како и од бројните камери за надзор, покажува дека е лажно тврдењето на Москва за хангар со оружје, сосема поврзан со зградата на трговскиот центар.

Таков објект, едноставно, не постои. Второ, на оддалеченост од повеќе од 300 метри има една стара фабричка зграда, за изработка на опрема за одржување патишта. Таа е делумно „закачена“ од ракетите и во неа има неколкумина повредени, но таа од центарот е разделена и со ограда и со мала шума и со една оранжерија.

Тоа значи и таму да имало скриено оружје, експлозија од таа оддалеченост, не би можела да го уништи објектот каде е сместен трговскиот центар во Кременчук. И, згора на се да има толку многу жртви.

Измислена верзија на дипломатот

А, лажните верзии за овој напад, но и за сите досегашни руски злосторства во кои страдаат цивили, од Русија почнуваат да се шират низ интернет, речиси веднаш по секој ваков напад. Во тоа се вклучуваат и високи руски функционери, како Сергеј Лавров, на пример, или се погласниот и се повеќе непримерно вулгарен во коментарите, Дмитри Медведев.

Овој пат, прв реагираше еден угледен дипломат – заменик амбасадорот на руската мисија во ОН Дмитри Полјански. На рускиот канал Телеграм тој има напишано дека нападот е „лажна вест“, како и дека е „наместена работа“. Ваквата „верзија“ беше пренесена дури и од државната телевизија.

Подоцна, руското министерство за одбрана, го поправи Полјански, но со приказната за експлозија на магацин со (западно) оружје, ги обвини Украинците – дека го убиваат сопствениот народ!

Злосторство и варваризам

Официјален Киев тоа го демантираше, а направената независна истрага и бројните фотоси ја потврдија нивната верзија.

Лажни верзија е дека трговскиот центар не работел, дека таму немало толку луѓе колку што се тврди. Уште и дека нема фотографии, од внатре за да се зборува дека центарот бил во функција. Ова го демантираат самите жители на градот кои таму одат на шопинг. Конечно, постојат фотоси и од 25 јуни (денот на нападот) со кои се отфрлаат руските измислувања.

Тие, очигледно, треба да служат за покривање на злосторствата и за варваризмот што руската војска ги спроведува безмалку 4,5 месеци.

И, секако, да ја покажат ароганцијата на Кремљ во пропагандната војна со Европа – дека ништо и никој не и може на путинова Русија. Особено да им пркосат на санкциите за кои руската страна зборува дека се без ефект. Што ќе речат највоинствените во Москва – може да војуваат до кога сакаат.

Од другата страна, од Западот, како од Самитот Г – 7 и од Самитот на НАТО, затоа, порачуваат дека после она во Кременчук, не смее да и се дозволи победа на Русија во оваа војна.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе