Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Измамила 700 лица тврдејќи дека има рак

Измамила 700 лица тврдејќи дека има рак

Британката Никол Елкабас (44) од англиската област Кент, измамила над 700 лица кои донирале пари, во разни износи, за нејзиното (наводно) – „итно потребно лекување на ракот на женските органи“ – иако знаела дека е здрава.

Во објава на интернет, таа побарала хуманитарна помош од 45 илјади фунти (околу 54 илјади евра), тврдејќи дека и е потребно лекување во Шпанија, во Барселона, кај познат тамошен онколог кој употребува посебна терапија што помага за излекување од канцерот. Било наведено и името на болницата, како и името на лекарот.

Британците се покажале хумани, па преку интернет страницата донирале дури десет пати повеќе пари од оние кои Никол ги има побарано. Но, како голем измамник, еден од поголемите во британската криминална историја, наместо за лекување, на ваков начин добиените 420 илјади фунти, ги користела за забава и за провод, за патувања низ светот, за шопинг и за „живот на висока нога“.

Истрагата што е направена, покажала дека сите лекарски прегледи на кои била, покажале дека е здрава и дека нема траги од било каков канцер, во било кој дел од телото. Меѓутоа, и покрај тоа што ги знаела наодите на лекарите, таа на интернет барала и добила пари – за „лекување“.

Лондонските весници се заинтересираа повеќе за случајот, откако судот донесе крајно необична пресуда – на сите измамени, како обештетување да им плати САМО ПЕТ ФУНТИ – или шест евра. И тоа во рок од 28 денови. Ваквата „отштета“ судот ја има донесено затоа што истрагата открила дека Никол на својата сметка нема ниту еден пени, а дека исто така не поседува никаков личен имот – за да може да се наплати некаква, најминимална отштета.

„Дејли Меил“ открива дека таа порано има работено како моден консултант и тоа во најпрестижната и најскапа стоковна куќа „Хародс“ во Лондон, па весникот се прашува како тоа да нема ништо заработено – на чесен начин. Едно од објаснувањето е дека била страстен коцкар, па дека и поголемиот дел од парите, собрани од измамата, се изгубиле во коцкањето.

На судењето изјавила дека не се чувствува виновна, тврдејќи дека „навистина верувала оти има рак“.

Измамата ја открил онкологот кој заклучил дека е здрава. Сосема случајно на интернет го видел барањето за парична помош. Болницата во Барселона, навистина, постои, но таму изјавиле дека „лекарот – специјалист“ е измислен.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе