Регионалната соработка со поголема подршка од европската
Висок процент од 74 отсто од луѓето во Западен Балкан ја подржуваат регионалната соработка, што е повеќе од порано, додека 60 отсто се имаат определено за подршка на евроинтеграциите на земјите од регионот, што е помал процент од оној во минатата година. – покажува истражувањето на Балкански Барометар и на Секуриметар.
Намалената подршка за ЕУ, се смета дека е последица на негативното расположение кое е доминантно во Република Србија и во тамошната јавност, особено по руската инвазија врз Украина и спротивставувањето на воведување санкции на путинова Русија, на што инсистира Брисел, го тоа како предуслов за напредувањето на земјата кон Европа.
Но, и како последица на фрустрациите на другите во Западен Балкан (Северна Македонија и Албанија, пред се), поради блокадите што некои земји од ЕУ (Бугарија) им ги создаваат на нивниот европски пат.
Закана од дезинформациите во медиумите
Висока подршка за соработка во рамките на регионот (една таква можност е покренатиот процес Отворен Балкан) даваат и бизнисмените во регионот кои сметаат дека ваквата соработка ќе го забрза и ќе го унапреди работењето на компаниите.
Направеното истражување, меѓутоа, големо внимание му посветува на вкупниот безбедносен сектор и на се она што тој повлекува со себе, а ги плаши луѓето во овој регион од Европа.
На пример, дури 74 отсто од луѓето сметаат дека лажните информации, дезинформациите и нивното ширење во јавноста е ЗАКАНА, која треба да се елиминира. Други 50 отсто од испитаниците рекле дека лажните вести стануваат загрижувачка работа и за тоа директно ги обвинуваат НОВИНАРИТЕ И МЕДИУМСКИТЕ КУЌИ, ставајќи ги тука оние кои оперираат на интернет.
Страв од организираниот криминал
Сепак, дури 91 отсто од западнобалканците се загрижени од организираниот криминал во регионот (што се смета дека главно е присутен на териториите на Србја, Албанија и Црна Гора). Потоа, 89 отсто се загрижени од финанскиот криминал, 88 отсто од тероризмот, а 86 отсто од секаков вид дезинформации пласирани во јавноста, додека 85 отсто од оние кои учествувале во анкетата се плашат и ги загрижуваат секој вид на екстремизам и природните кастрофи.
Еден од тројца жители на Западен Балкан верува дека најголема закана е корупцијата, други 47 отсто се загрижени за економската ситуација, а трети на невработеноста, посебно кај младата генерација.
Загрижувачко е тоа – открива анкетата – што 67 отсто од младите во регионот (на возраст меѓу 18 и 24 години) сака да живее и да работи во странство.