Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Бугарката Руја на потерница од ФБИ

FBI

Бугарката Руја на потерница од ФБИ

Бугарката Руја Игнатова, која на британскиот универзитет во Оксфорд има дипломирано бизнис, а позната е како „крипто – кралица“ се најде на потерницата на американското ФБИ, меѓу десетте најбарани лица, затоа што е осомничена за организирање измама со крипто – валутата, позната како OneCoin.

Обвинителите ја товарат за користење на познатата шема на „Пирамидално штедење“ приспособена за крипто – валутите, со која ги има измамено своите жртви за повеќе од 4 милијарди долари!

„Исчезната“ од 2017 година

Засега се знае дека полицијата ја води како „исчезнато лице“, за која се тврди дека никој ја нема видено уште од 2017 година, кога американските власти имаат издадено налог за нејзино апсење. Но, од тогаш, никаде не може да ја најдат, ниту да откријат каде би можела да се крие, иако според Би – Би – Си властите почнале „да и се приближуваат“ па така и се има најдено на листата на најбараните криминалци.

Се верува дека има 4о години, но за неа на потерницата се пласирани неколку различни фотографии, затоа што се верува дека често го менува изгледот, а дека можеби, со пластична операција, го има изменето и својот лик. ФБИ претпоставува и дека има на располагање високо квалитетно изработен фалсификуван пасош, или можеби неколку такви, со кои лесно се движи низ светот.

Освен тоа за неа се знае дека кога исчезнала, имала на располагање најмалку 500 милиони долари, што се смета дека и овозможуваат лесно да обезбеди за себе скривалиште.

Безвредна крипто – валута

Приказната за оваа Бугарка почнува во 2014 година кога почнала да ја нуди OneCoin, давајќи провизија на купувачите доколку ја продадат, понатаму, на што е можно повеќе други лица. Но, ФБИ сега тврди дека од почетокот таа крипто – валута била сосема безвредна, како и дека никогаш не била заштитена со технологијата на блокчејн што ја користат другите вакви валути.

Сите кои досега беа вклучени во потрагата по Руја имаат изјавено дека со нејзиното ставање на потерницата, силно се зголемени шансите таа да биде откриена и фатена, па затоа полициски експерти сметаат дека потегот на ФБИ (вклучена е и европскиот Европол) означува и најголем досега напредок, после 2017 година.

Тогаш е видена за последен пат, како се качува во авион, на лет од Бугарија за Грција, по што никој, никаде ја нема видено. Сега ФБИ нуди награда од 100 илјади долари, за информација која би помогнала за нејзиното откривање и апсење.

Порака од пријател

Една од нејзините жртви, за Би – Би – Си има речено дека само таа и уште неколкумина нејзини пријатели имаат изгубено над 250 илјади евра.

Жртвата, извесна Џен Мекадам, признава дека се започнало кога добила порака од еден пријател за убава прилика за инвестирање, па седејќи пред компјутерот таа се приклучила на страницата на OneCoin.

Следниот час и нешто повеќе таа била „бомбардирана“ постојано слушајќи убави приказни од разни луѓе кои со силен ентузијазам и зборувале за новата крипто – валута, со која таа ќе може да се збогати – уверувајќи ја дека како почетник треба само да ги следи упатствата.

После неколку месеци, меѓутоа, Мекадам сфатила дека станува збор за една голема лага и за добро организирана измама.

„Најуспешниот криминалец“

Според американскиот обвинител од Менхетн, во Њујорк, Руја ја има совршено темпирано својата (криминална) шема.

Тоа е времето за почетните, први денови од започнувањето на шпекулациите со крипто – валутите. Тогаш многу луѓе веднаш се имаат навлечено на нив и на верувањето дека ова се „пари“ на иднината. Односно, дека ваквата електронска валута ќе им донесе богатство, или ќе помогне да го зголемат капиталот што до тогаш го имале.

Има такви кои имаат заработено со крипто валутите, но мнозинството, колку што се знае, имаат загубено и пари и имот. Без да бидат измамени на начинот на кој мамела Бугарката.

Во 2019 година, Руја Игнатова била обвинета за осум кривични дела, вклучувајќи за измама по електронски пат и за измама со хартии од вредност. Таа е единствената на листата од десет најбарани на ФБИ.

За неа се вели дека можеби е најуспешниот криминалец во историјата.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе