Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Софија ги протера руските дипломати

Belish/Depositphotos.com

Софија ги протера руските дипломати

Вкупно 70 руски дипломати, од амбасадата во Софија, во текот на денот, во неделата, присилно ја напуштија Бугарија, откако владата на доскорешниот премиер Кирил Петков ги прогласи за непожелни и ги протера од бугарска територија.

Москва гневно реагираше на ваквата одлука, а високо рангираниот руски дипломат во дипломатската мисија во Софија, Филип Воскресенски им изјавил на новинарите, на софискиот аеродром дека „ова ќе предизвика зголемени тензии меѓу историски блиските народи и држави“.

Облечен во маичка на која е отпечатен ликот на Владимир Путин и до него патетичниот текст – „Русија, земја која од ништо не се плаши“ – овој дипломат има речено дека бугарските власти им имаат оставено рок за напуштање на Бугарија – до пред понеделник (4 јули) – што сите протерани и нивните семејства ќе го почитуваат.

Случај без преседан

Ваквата одлука  владата ја донесе откако (сега сменетиот) премиер, првиот кој по многу години, зазеде цврст прозападен и проатлантски курс на Бугарија, но и цврст став против Русија по инвазијата врз Украина, што е новина за официјална Софија, наспроти претходниот, сервилен бугарски однос кон Москва.

Петков  на 22 јуни, во бугарскиот Парламент беше поразен при гласањето за доверба, во една политиканска игра на партиите од владејачката коалиција и партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов, која сега е опозиција.

По гласањето, Петков ја обвини Москва, а потоа директно и руската амбасадорка во Софија дека стојат зад падот на неговата, прозападна и проевропска влада.

Одлуката за протерување на дури 7о дипломати, во секој случај, е без преседан во бугарската политичка пракса, уште и кон земја кон која не мал број бугарски граѓани и натаму имаат сентимент на „братска земја“ , или на „земја – ослободител“ што важеше во времето на комунизмот, кога Бугарија се означуваше како најлојалниот сојузник на СССР во источниот, советски блок.

Навреди од Захарова

Петков, меѓутоа, сега остро и замери на Москва дека користејќи ја техниката на „хибридна војна“ ја соборила неговата влада.

И после ова масовно протерување на руски дипломати, за кои во Софија се вели дека најголемиот дел се разузнавачи со дипломатски статус, Русија во Софија има 43 свои дипломати, додека Бугарија има само 12 во Москва.

„Секој кој работи против интересите на Бугарија ќе биде повикан за да се врати во земјата од каде е дојден за да биде дипломат“ – има речено Петков по соопштувањето на одуката за протерување.

Руската амбасадорка Елеонора Митрофанова, која очигледно силно е замешана во бугарскиот политички живот, меѓутоа, веднаш се огласи со ултиматум до официјална Софија – до 1 јули да ја поништи одлуката на Петков, заканувајќи се дека ако тоа не се случи Москва “ќе ги прекине дипломатските односи со Бугарија“.

Претходно, руското МИД (министерство за надворешни работи) преку изјава на воено-потикнувачката портпаролка Марија Захарова, јавно го навреди Петков  тврдејќи дека „човекот е во бунило, од многу работа“, по неговата изјава за руска замешаност во создавањето политичка криза во Бугарија.

Казнување на Петков

Воинствената руска амбасадорка по протерувањето изјави дека веднаш ќе побара од своето министерство – „да го покрене прашањето за затворање на амбасадата на Русија во Бугарија, што неминовно ќе доведе и до затворање на дипломатската мисија на Софија во Москва“.

Но, во МИД се задоволија со острата, заканувачка реакција на амбасадорката и (засега) немаат намера да ги повлечат сите свои дипломатски службеници од Софија. Наместо тоа, Москва побара од „нивната” бугарска социјалистичка партија, која и сега е силно проруски определена – да го казни Кирил Петков.

Иако тој најави дека по падот на владата ќе се обиде да формира нова коалиција и ќе остане кандидат за премиер, социјалистите кои инаку се дел од широката коалиција, му го „повлекоа тепихот“ од под нозете. Објавија дека нема да подржат нов владин состав со Петков како премиер.

Неговата партија, тогаш се определи за Асен Василев, сега министер за финансии и близок сопартиец на Петков – да се обиде да формира нов владин состав.

(Д.С.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе