Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Макао ги затвори казината поради Ковид

calvinstkm, Macau casinos - panoramio, CC BY-SA 3.0

Макао ги затвори казината поради Ковид

Макао – област со полусамоуправен статус на територијата на НР Кина, ги затвори сите казина во градот, воведувајќи карантин, за прв пат по повеќе од две години, откако одново избувна епидемија со коронавирусот во оваа најголема коцкарска зона во светот.

Локалните власти во областа која своите приходи ги остварува од коцкањето и работата на казината, како и од другите услужни дејности што го следат овој силно развиен бизнис, наредија освен 30 – те казина, да се затворат сите бизниси што не се нужни за секојдневните потреби на населението и на луѓето во Макао. Карантинот засега е определен за рок од една недела.

Задолжителен карантин

Во последните три недели, здравствените власти имаат регистрирани забрзан раст на новозаразени, кој сега изнесува околу 1700 лица. Ваквата мерка, според медиумите, била донесена од страв од поголема експлозија на пандемијата, како и од потребата за воспоставување на острите, кинески мерки за одбрана од коронавирусот, какво Кина ги воведува на својата територија.

Во овој специјален административен регион, за 19 илјади лица е воведен задолжителен карантин, затоа што сегашната епидемија е најголема и најсилна по онаа, регистрирана на почетокот од 2020 година.

Пред да се затворат казината, властите на Макао ги затворија сите училишта, како и објектите за провод и забава – вклучувајќи ги баровите и кино салите.

На луѓето им е речено да останат дома, во своите живеалишта и да избегнуваат излегување на јавни места за да се спречи натамошно и поголемо ширење на короната. Исто така, забрането е да посетуваат ресторани, или луѓето да се хранат во бројните улични места за исхрана.

Епидемија со Омикрон варијантата

Околу 90 отсто од населението на областа има примено две дози вакцина, но нема податок колкумина имаат примено т.н. бустер (трета) доза.

Според епидемиолозите, станува збор за Омикрон варијантата на короната која за прв пат се јавува и за која се верува дека е внесена од кинеските туристи и гости кои сочинуваат над 70 отсто од посетителите на Макао и на неговите казина.

Оваа поранешна португалска колонија во која има 600 илјади жители, меѓутоа, има само една јавна болница, па властите забрзано градат привремени објекти за прием на новозаразените. Во некои случаи и дел од казината се адаптираат во медицински и здравствени установи.

Макао (како и НР Кина) ја следи стратегијата за „нулта – заразеност“ со короната, која ниту во Кина не успева да се воспостави, предизвикувајќи гнев кај луѓето од големите градови – како Шангај и Пекинг.

Коцкањето и игрите на среќа се забранети во НР Кина, па затоа Макао каде тоа е дозволено, се како рајски места за богатите Кинези кои сакаат да се коцкаат.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе