Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Придњестровје сака приклучување кон Русија

frimufilms/Depositphotos.com

Придњестровје сака приклучување кон Русија

Регионот Придњестровје, во Молдавија, кој е под руска контрола – без никаков мандат на ОН или на некоја друга меѓународна организација – веќе 30 години, сака да се отцепи од матичната држава и да се обедини со Русија.

„Ние сме посветени кон стекнување независност, што би бил прв чекор кон приклучувањето кон руската државна територија“ – има речено во Москва Виталиј Игнатиев, „министер за надворешни работи” на меѓународно непризнатата „влада“ на сепаратистичкиот регион во Молдавија.

Закани од Москва

Тој им рекол на руските новинари дека Придњестровје ќе настојува да ги спроведе целите од (инаку) илегалниот референдум од 2006 година. Игнатиев уште за ситуацијата во која сега се наоѓа Молдавија ја има обвинето молдавската влада која побара и доби кандидатски статус за влез во ЕУ. Овој „министер“ има речено дека после ова – се раскинати сите можности за соработка со централната влада во Кишињев.

Придњестровје е регион кој е сместен по течението на реката Дњестар, меѓу Украина и остатокот од Молдавија. Во него живеат околу 470 илјади жители, повеќето Руси или луѓе кои зборуваат руски, но не се етнички Руси.

Во регионот уште од 1992 година, по кусотрајната војна, е стациониран руски воен контингент – како мировни сили – какви што имаше и во Абхазија и во Осетија, во Грузија, пред тие две да се отцепат од грузиската територија и да прогласат независност.

По инвазијата врз Украина, од 24 феврури, напнатоста во Придњестровје стана мошне голема, затоа што над регионот и над државата Молдавија виси заканата од руски напад и анексија на територијата – според сценариото од Крим и Донбас.

Територија под руска окупација

Воинствениот Кремљ, преку изјави на некои функционери, а во последно време низ изјавата на екс премиерот и претседателот (во еден мандат) Дмитри Медведев, навестуваат сценарио според кое руската армада која ја парчосува украинската територија, настојува да се поврзе на западот со Придњестровје – за да го окупира и да го анектира кон Русија.

Молдавија според својот Устав е воено неутрална држава, која затоа никогаш нема барано членство во НАТО, но преку актуелната молдавска претседателка се повеќе ја покажува проевропската определба на оваа држава – поранешна советска република – наместо дотогашната слепа врзаност за Русија и Москва.

Регионот Придњестровје, пак, според европски безбедносни аналитичари, во изминатите три децении се има претворено во безмалку „скадиште“ за секакво руско оружје што се шверцува низ светот. Секако со знаење и одобрување од Москва, но без можноста на владата во Кишењев да реагира и тоа да го спречи, затоа што таа врз регионот нема никаква контрола.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе