Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Нинџа бомба “ за водачот на Ал Каеда

„Нинџа бомба “ за водачот на Ал Каеда

Во супер тајна операција на американските специјални служби, во Кабул беше ликвидиран Ајман ал-Завахири (71),  водачот на злогласната терористичка организавија Ал Каеда, со која, долги години, се до убиството во Исламабад во Пакистан, раководеше Осама бин Ладен.

Убистото на Ајман го потврди, лично, претседателот на САД Џо Бајден, но тогаш остана нејасно како е изведена операцијата и кое и какво оружје било користено, затоа што убиството помина тивко и без било каква штета,  на околината  и на зградата каде убиениот  престојувал со своето семејство. Никој друг не беше повреден, дури ниту негивата сопруга и децата кои биле во зградата во моментот на нападот.

Супер тајно оружје

Првчно беше речено дека станува збор за „моќна и прецизна“ ракета , која подоцна беше означена како „нинџа бомба“ . Самиот Бајден има речено дека нападот бил изведен  со дрон.

Подоцна еден неидентификуван американски функционер им објаснил на медиумите дека дронот има фрлено ракети од типот „Хелфајер“ , па дека за целата операција не било воопшто потребно воено присуство на Американците во Авганистан.

Талибанските власти , од своја страна, на почетокот негираа дека воопшто имало напад со дрон, како и дека „не знаеле за присуството на Ал-Завахири во Кабул“. Подоцна властите признаа дека „ракета удрила во празна куќа“ во авганистанскиот главен град, за да на крајот речат дека – сепак, имало воздушен напад.

Безбедносни и воени експерти, сега, повеќе се занимаваат со „супер тајното оружје“ што било употребено. Прво, затоа што нема никакви траги за експлозија на „празната куќа“ , а второ нема никаква колатерална штета- нема други ранети и повредени и нема други жртви.

Кинетичка ракета „Хелфајер“

Експертите се согласуваат дека за ликвидацијата на лидерот на Ал Каеда била користена „тајна ракета“ за која се верува дека била користена и во други прилики, при елиминацијата на разни екстремистички водачи, но за што Пентагон досега нема дадено никакво објаснување.

Се смета дека станува збор за – кинетичка ракета Хелфајер Р9Х – која не носи експлозивно полнење, туку само шест сечива кои се отвораат во дадениот момент, за да го убијат само оној кон кој е насочен нападот.

Ајман ал-Завахири беше убиен на 31 јули , кога два вакви проектиле биле насочени кон кужата во Кабул . Во прашање е триспратна куќа , во резиденцијалниот дел од авганистанскиот главен град. Во десетина вили во квартот сега се сместени високи талибански функционери и воени команданти.

Нема официјална потврда

Ајаман, претходно, е забележан како во неколку наврати, во еден подолг период, се задржува на балконот, каде инаку е и убиен при нападот со „Нинџа“ бомбата. На снимката се гледа дека прозорците  на првиот кат се скршени, но другите делови од куќата, како и прозорците од другите два ката се неоштетени.

Никогаш досега, овие бомби не се официјално признати дека постојат. За нив прв пат се зборуваше во 2017 година при убиството со дрон на уште еден водач на Ал Каеда, додека со автомобил патувал за Сирија.

И тогаш, беше речено дека станува збор за необичен напад и за невидено оружје- внатрешноста на возилото беше расцепено, но предниот и задниот дел на автомобилот изгледаа како недодирнати.

За овие ракети се вели дека биле користени при вакви напади во Либија, Сирија, Ирак, Јемен и Сомалија, но нема потврда за ваквото тврдење.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе