Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

„Нема веќе евтини авионски летови“

Anna Zvereva from Tallinn, Estonia, Ryanair, EI-DAL, Boeing 737-8AS (18943306776), CC BY-SA 2.0

„Нема веќе евтини авионски летови“

Првиот човек на нискобуџетската авионска компанија „Рајан Ер“, Мајкл О Лири изјави дека нема веќе да има евтини авионски летови, по „багателни цени“ од десет евра, или дури помалку – барем во следните неколку години.

Според него, цената на авионските карти, кога станува збор за неговата компанија, во следните пет години – во просек – ќе растат за десет евра, односно од сегашната просечна цена од 40, на најмалку 50 евра. За ваквата ситуација и за забавување на популарноста на авионските летови за „мали пари“ О Лири ја обвини долгата и длабока криза што ја предизвика глобалната пандемија со коронавирусот.

Само „Рајан Ер“ поради короната, во минатата 2021 година, има забележано загуба над 815 милиони евра.

Популарност на нискобуџетските компании

Тој, сепак, верува дека и покрај сегашната криза со цената на горивата и со вкупно намалениот стандард на луѓето, нема драстично да се наруши бројот на патниците кои ја избираат оваа компанија за некој лет во странство – надвор од Ирска и Британија.

Извршниот директор, О Лири верува дека луѓето ќе продолжат да ги користат услугите на нискобуџетските компании, споменувајќи ги како водечки во тој сектор, „Рајан Ер“ и британската „Изи Џет“, затоа што тие и понатаму, ќе останат далеку поевтини од другите (големи комерцијални) авионски компании.

Од својот почеток, „Рајан Ер“ се има силно пробиено на британскиот пазар со своите цени кои во определени моменти знаеја да бидат пониски и од меѓуградскиот автобуски превоз и секако од железничкиот.

Нискобуџетскуте компании, во својата меѓусебна конкуренција, знаеја за некои свои летови – (на пример, Лондон до Љубљана, или од Лондон до Охрид) да понудат цена за повратна карта од само 20 фунти (околу 1500 денари).

Патниот сообраќај е поголем загадувач

О Лири е оптимист дека патниците нема да му свртат грб на авионскиот сообраќај, поради се посилната кампања да се намали процентот на загадувањето на атмосферата со штетните гасови и наместо со авион луѓето да патуваат со железница, на пример.

Комерцијалните летови сега учествуваат со 2,4 отсто во глобалната емисија на СО2 и врз овој сектор од економијата се врши притисок тој процент да се намали – во настојувањето да се запрат климатските промени.

Мајкл О Лири, меѓутоа, смета дека целата слика околу „вината“ на авионските компании и на силниот развој на овој воздушниот сообраќај и на патувањето со нискобџетските компании, е претерана и изнасилена.

Во разговор за лондонските медиуми има речено дека загадувањето што го прави патничкиот транспорт и поморскиот е многу поголемо, но ветува дека неговата компанија ќе продолжи да инвестира во авиони (со авионски мотори) кои минимално придонесуваат за загадувањето.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе