Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Лажната „српска мајка“ – руски провокатор

Лажната „српска мајка“ – руски провокатор

„Српската мајка“ од Германија која (наводно) морала да плати казна, затоа што одбила својот син да го облече во фустан, не е ниту Србинка, а веројатно не е ниту мајка.

Станува збор за вработена – како оперативец – во „Хуманитарниот центр“ во Ниш кој е под контрола на Русија – пишува белградскиот портал Н – 1, повикувајќи се на изјава на висок функционер на владејачката СНС партија во Србија, на претседателот Александар Вучиќ.

Лагите на „сестра Милка“

Според истиот извор, лажната Србинка, која на интернет се претставува како „српска мајка“, веќе побегнала од Србија. Стравувајќи дека ќе биде уапсена и протеран во Германија – за лажно претставување и за ширење лажни вести (за германските образовни состојби) во клипот, направени со нејзините шефови, што сега „шета“ по социјалните мрежи во Србија.

Се смета дека и човекот кој го има ставено клипот на – како што тој ја нарекува – српската сестра Милка од Германија – веројатно е со лажен идентитет.

Тој, меѓутоа. полемизира со функционерот на СНС, тврдејќи дека „сестрата Милка“ не избегала. Овој човек ја брани лажната Србинка и тврди дека таа – „не е руска шпионка“.

Против геј – парадата во Белград

Социјалните мрежи во Србија, во изминатите денови, се полни со коментари во врска со божемната „српска мајка“ која се јавува дури од Германија, за да спротивстави на геј – парадата која треба да се одржи во Белград.

Од Германија таа лажно тврди дека морала да се врати во Србија, бидејќи во Германија платила казна затоа што не сакала својот син да прави женско!?

Жената која се претставува како „сестрата Милка“,  ширејќи го измислениот случај, тврди дека од министерството за образование во Германија добила писмо во кое се бара од родителите да ги облечат синовите во фустани, а ќерките во машка облека и така да дојдат на училиште.

Подршка од руските тајни служби

Целта била – за да може децата да откријат на кој пол му припаѓаат. А, кога таа одбила, својот син да го облече во фустан – како што тече приказната на интернет – била од државата казнета со 263 евра.

Оваа руска провокација, за што објаснувањето доаѓа од врвот на српскта владечка партија, е направена за да се застане во подршка на противниците на белградската геј – парада, што властите во Србија ја одобрија.

Противниците прават петиција до властите и до црквата барајќи да се блокира – како што го нарекуваат – „педерскиот бал“ и да се спасела Србија.

За тоа – сега е очигледно – ја имаат подршката на Русија, преку нејзините тајни служби, задолжени за создавање лажни вести, за правење дезинформации и за создавање гнев и недовреба кон властите.

Заканите кон премиерката на Србија

Српската јвност е длабоко поделена околу ова прашање, па против парадата се здружени крајно десничарските партии и групи, супер – националистите и сите русофили.

Тоа се оние кои се заедно и по низа други прашања – како на пример според приврзаноста кон Русија и осудувањето на Украина што се брани од агресијата и окупацијата.

Со груба изјава, се има пројавено и еден свештеник на СПЦ кој и се има закането и со употреба на оружје и со ликвидација на (се уште) актуелната српска премиерка Ана Брнабиќ.

Според овој свештеник, таа е „виновна“ што дала согласност за парадата, но и затоа што живее во геј – заедница со својата партнерка.

(Д.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе