Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Прогласи мобилизација, па замина на одмор

Прогласи мобилизација, па замина на одмор

Рускиот претседател во средата, рано наутро прогласи мобилизација испраќајќи илјадници млади луѓе во војна, а веднаш потоа замина на одмор, на продолжен викенд, во една од државните резиденција, опремена со најмодерен спа центар – јавуваат неколку руски независни медиум, повикувајќи се на инсајдери во Кремљ.

Изворите за кои се тврди дека се информирани за распоредот на обврските на Владимир Путин уверуваат дека тој се одмара во резиденцијата покрај езерото Валдај во новгородската област.

Според нив, тој е таму (можеби) и од порано, затоа се уверени дека обраќањето на шефот на државата (во врска со објавената мобилизација) била снимено. Се смета дека изјавата која во Русија беше емитувана во 8 часот наутро тоа го потврдува, бидејќи според изворите за овие информации, Путин во тоа време – спие.

Претседателот кој има 70 години, има заминато за Голем Новгород, каде присуствувал на неколку помали неполитички настани, по што било одлучено да направи пауза во своите активности и да оди на одмор една недела.

Инсајдерите инсистираат дека во ова меѓувреме, прес службата во Кремљ и путиновиот кабинет ќе ја хранат домашната, но и меѓународната јавност, со вести за неговата „силна активност“ и за бројните ангажмани во ова кризно време, во екот додека Москва настојува да анектира делови од украинската територија, прогласувајќи ги како „руска земја“.

Се смета дека сите „средби и разговори“ со своите соработници и со соговорници од разни области, за кои ќе се јавува, се однапред снимени за да се прикажуваат во деновите додека Путин се одмара. Целта е да и се покаже на домашната јавност, која е сведок и на примери за насилно мобилизирање на Руси кои се противат да бидат одведени на фронтот, во војна која не ја одобруваат, дека претседателот е постојано во својата канцеларија и работи.

Медиумите кои пишуваат за неговото отсуството од Кремљ, даваат и детали за раскошната резиденција во која Путин се одмора. Покрај неа има изградено голем комплекс со лековит кал, базен и спа центар. Велат дека има уредено и хокеарско игралиште, каде со своите другари и пријатели претседателот сака да игра хокеј.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе