Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Бугарија: Борисов одново премиер?

Бугарија: Борисов одново премиер?

Десно-центристичката  партија ГЕРБ (Граѓаните за европски развој на Бугарија)  и нејзиниот лидер Бојко Борисов (63) освоија најмногу гласови на вонредните парламентарни избори во Бугарија.

Тие освоија 25, 4 отсто од гласовите  и ќе имаат најбројна пратеничка група во Парламентот во Софија, додека партијата Продолжуваме понатаму (ПП), на 42 годишниот проевропски и прозападен лидер Кирил Петков , главниот противник на Гербовци на овие избори, ја доби подршката на 20, 4 отсто од гласачите.

Со ваквиот распоред на политичките  сили, Борисов кој претходно 11 години беше премиер, одново добива  мандат да создаде влада и да ја предводи Бугарија, која важи за насиромашна од сите земји- членки на ЕУ.

Од април 2021 година, ова беа четврти по ред парламентарни избори, што само ја покажува длабоката политичка криза во земјата, поделеноста во јавноста и голмата расцепканост и уситнетост на гласовите. Излезноста на овие избори е одвај 30 отсто.

Ситуацијата сега е покомпликувана

Се очекува седум партии да го преминат законскиот праг , од дури 28 разни партии и движења кои учествуваа во изборниот процес. Изборите се одржжаа откако претхдната влада на Петков, првиот вистински бугарски превропски политичар, беше соборена во јуни годинава, после само шест месеци на власт.

Се верува дека во падот на оваа влада  силно беше вклучена Русија , преку нејзината амбасада во Софија. Владата на Петков остана без довербата на Парламентот , само некоја недела по остриот судир со режимот на Владимир Путин.

Русија ја прекина испораката на гас откако Бугарија  одби да плаќа во рубли. Бугарската влада потоа,  протера 70 руски дипломати од амбасадата во Софија и ја обвини Москва дека води хибридна војна против Бугарија.

Ветеранот во политиката Борисов сега се соочува со голем предизвик да формира коалиција и каква-таква стабилна и функционална влада , но прогнозоте на аналитичарите се песимистички. Некои дури предвидуваат дека Бугарите ќе мораат и по пети пат да се појавата на избори.

„Ситуацијата е иста како и после претходното гласање, но сега работите се покомпликувани, затоа што коалициите кои тогаш беа можни, сега не се возможни“- изјавил за Би-Би-Си Даниел Смилов од Центарот за либерални студии во Софија.

Коалиција со двете проруски партии

Во првата реакција , Борисов има изјавено дека е подготвен да соработува  со сите партии. Но,  како сега стојат работите, единствени кои не одбиваат соработка со ГЕРБ и со Борисов се двете проруски партии, од кои едната е  крајно-десничарската и националистичка партија Взраждание-Препород. Соработка не одбива ниту  партијата на бугарските Турци (ДПС), која се обвинува дека заедно со ГЕРБ, во изминатите години, биле симболот на корупцијата во земјата.

Сите другите имаат изјавено дека не сакаат да соработуваат со Гербовци.

Тие го обвинуваат Борисов дека ја има приграбено власта, но и дека има направено низа злоупотреби, а  над се , дека во неговото време како премиер, корупцијата во земјата има достигнато рекордно ниво.

Петков како премиер, во рамките на неговата прокламирана битка со корупцијата го обвини Борисов за злоупотреба на парите од фондовите на ЕУ, за Бугарија, Тој беше и приведен од полицијата и една ноќ помина во притвор. Но,  никаково формално обвинување на беше подигнато.

Петков, економист дипломиран во Харвард во САД, тогаш го обвини и обвинителството дека им служи на интересите на политичката елита која се сомничи за замешаност во коруптивни зделки.

Длабока политичка и економска криза

Бугарија освен тоа е во серозна економска криза- инфлација од над 15 отсто, неконтролиран раст на енергијата, длабока криза во односите со Москва, во услови кога оваа балканска земја и натаму е силно врзана за Русија, што очигледно трае уште од времето на комунизмот, кога беше најлојалниот сојузник на тогашниот СССР.

Останува отворен и спорот со Газпром кој нагло ја прекина испораката на гас. Бугарската страна сега бара само Русите да го испорачаат гасот што не го изпорачаа , а требаше тоа да го направат според договорот.

Бојко Борисов за кого се вели дека во минатите негови мандати  „седеше на две столчиња“ , по овие избори се соочува со предизвикот- како натаму. Во текот на изборната кампања тој, меѓутоа, настојуваше да се покаже  како лојален кон ЕУ и НАТО, кога станува збор за политиката кон Русија и нејзината инвазија и војна врз Украина.

Според него, Русија и Путин се „сосема јасни агресори“ во војната. „Немам ништо против рускиот народ, но по оваа фарса со референдумите , Бугарија мора да биде многу јасна и категорична за своето место во ЕУ и во НАТО“- има речено Борисов во првата реакција по изборите од 2 октомври.

(С.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе