Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Ефектот „стаклена градина“ веќе во 2025 година

Ефектот „стаклена градина“ веќе во 2025 година

Ефектот со „стаклена градина“, односно со максималната емисија на штетните гасови , се очекува веќе за две години- во 2025 година- поради големата енергетска криза во која се најде светот, предизвикана од руската инвазија врз Украина, се вели во извештајот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), со седиште во Париз.

Во извештајот на агенцијата се потенцира дека  глобалната енергетска криза , како последица на агресијата врз украинската територија и војната  на Истокот од Европа,  може да доведат до  длабоки и долгорочни промени што ќе имаат потенцијал да се забрза преминувањето на поодржив и побезбеден систем.

Намалување на емисијата од 2050 година

На една недела пред одржувањето на светската конференција за климата , во Египет, ИЕА во својот годишен извештај за 2022 година предупредува на големиот јаз меѓу богатите и сиромашните земји , во однос на вложувањата во енергијата со мал процент на јаглен двооксид , па ја повикува меѓународната заедница да интервенира за да се намали тој се поголем и се позагрижувачки расчекор.

Податоците со кои се располага покажуваат дека и покрај вложувањата и т.н. климатски инвестиции , на глобално ниво, емисијата на штетните гасови во светот може да го достигне предупредувачкиот  врв од 37 милијарди тони  веќе во 2025 година, а да се намали на 32 милијарди дури четврт век подоцна, односно во 2050 година.

Тоа ќе предизвика просечната температура , до 2100 година да се зголеми за 2,5 степени што сигурно е недоволно за да се избегнат тешките последици врз климата во свеотот.

Затоа оваа агенција инсистира на потребата од големи вложувања во чистата енергија, како во т.н. наречената „зелена енергија“, онаа со мошне мал процент на карбон,  така и во нуклеарната.

Без употреба на фосилните горива

Во мерките кои треба да го намалат натамошното загревање на планетата , ИЕА сугерира забрзано минување од автомобилите на бензини и дизел гориво, на оние  на  електрични батерии, но и на употребата на фотонапонски уреди и на електролизатори што ќе произведуваат водород, наменет за декарбонизација на индустријата.

Меѓународната агенција за енергија наведува во својот извштај дека светот и целата меѓународна заедница имаат голема работа и обврска да се премостат разликите што продолжуваат да се зголемуваат меѓу развиените економии и оние во развој, кога станува збор за вложувањата во чистата енергија .

На тоа укажува и генералниот секретар на ОН Антонио  Гутереш кој во разговор за Би-Би-Си повикува – светот да престане да смета на користењето на фосилните горива,кои ги  обвинува дека го имаат доведено човештвото на работ од катастрофа.

Според него, сегашната енергетска криза ќе беше избегната ако светот доволно инвестираше во обновливите извори на енергија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе