Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Убивавме цивили во Буча”

„Убивавме цивили во Буча”

Рускиот војник Никита Чибрин (27) е обвинет за воено злосторство извршено во украинскиот град Буча, во близината на Киев. Според сознанија на руски медиуми, сега е подготвен да сведочи пред меѓународен суд, надевајќи се дека на тој начин ќе може да добие политички азил во Шпанија.

Весникот „Москоу Тајмс“ (медиум   на англиски јазик), пишува дека војникот Чибрин изјавил оти е подготвен да зборува за злосторствата на неговите другари од 64-та бригада која, инаку, е обвинета дека ги има извршено масакрите врз цивилите во Буча.

Токму војниците на оваа единица, својот прв месец на фронтовската линија,  по руската воена инвазија врз Украина, го имаат поминато стационирано во тој реон- кај селото Липивик, западно од Киев и местото Буча, во реонот јужно од Андриевка.

Бегство во Шпанија

Овој војник сега вели дека тој лично, нема учествувано во злосторствата и во целото насилие на неговите соборци. Тврди дека неговите воени страешини не му верувале, затоа што пред да се почне со агресијата врз Украина  се противел на целата операција. Но, тврди дека неговите другари од единицата тоа го имаат направено.

„Извршуваа сексуално насилство врз локалните жени и ладнокрво убиваа недолжни цивили. Освен тоа крадеа се што може да земат со себе, најмногу и најчесто електронска и друга опрема од домовите на Украинците“- рекол Чибрин.

Во средината на јуни, овој војник побегнал од фронтот и дезертирал од војската , сокривајќи се во еден камион што се враќал во Русија зада земе храна за војниците. Подоцна успеал да побегне во Шпанија, каде веднаш има побарано азил.

За себе , овој војник зборува дека пред да биде одведен во војската работел како чистач, а на фронтот каде поминал четири месеци, тврди дека не пукал и дека никогаш не бил дел од од руските воени операции на територијата на Украина.

Во Украина преку Белорусија

„Ме одведоа  во операцијата на војската за да работам како чистач и како работна сила во товарењето и растоварувањето на возилата кои одеа и севраќаа (кон Русија) за потребите на фронтот и војската. Не ми дозволуваа да се мешам во воените работи. Никогаш немам пукано од огнено оружје, иако во руската војска бев од 2021 година. Влегов во неа за пари, затоа што имав проблеми со финансиите“ има речено Чибрин .

Тој открива дека во инвазијата бил вклучен од првиот ден, од 24 февруари . На територијата на Украина , со својата воена единица, злогласната 64-та бригада, има влезено преку територијата на Белорусија.

Никита Чибрин, е вториот руски војник (за кого се знае во домашната јавност) кој има побегнато од Русија, откако бил ангажиран во инвазионите сили кои се нафрлија врз територијата на Украина. Тој е уште еден припадник на оваа бригада кои има јавно зборувано за воените злосторства на руската војска и посебно за она што се случуваше во Буча.

Москва негира злосторство

Службената пропаганда на Кремљ и на Москва, злосторствата во ова место, недалеку од Киев , не се ниту случиле. Тие се третираат како „воена пропаганда“ и како „измислена провокација на Западот“ за да и се напакости на Русија.

Службените пропагандисти и медиумите и новинарите кои продолжуваат да агитираат за војната и заговараат дури и извршување злосторства – за да се научеле на памет Украина и Украинците- Буча била само вешто направена сцена, како за хорор филм.

Овие воени пропагандисти тврдеа дека „Англичаните , познати по својата некрофилија, носеле трупови на улиците и ги оставале за да се снимат потресните сцени“ . Фотографии од руското злосторство во Буча го заобиколија и го потресоа светот , означени како најголемото злосторствио врз цивили во Европа, по Втората светска војна.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе