Кралско семејство „тешко“ 340 милијарди долари
Светското фудбалско првенство, среде пустина – во Катар – и пред новогодишните празници , што се случува за прв пат , навлегува во својата завршна фаза и засега сите велат дека се протекува во најдобар ред, барем кога станува збор за организацијата.
Нема извештаи за инциденти и за судирања меѓу навивачките дружини дојдени од Европа, Азија и Африка, што (инаку) не се реткост на вакви собирања. Нема судирања ниту со локалните власти кои на ФИФА и испоставија цела низа свои (строги и конзервативни) правила за однесување. ФИФА без поговор сите ги прифати и покрај незадоволство на низа европски селекции и на навивачите од Европа и Америка .
Првиот човек на ФИФА – Швајцарецот Инфантино , притоа, нормите – за кои се покажа дека се нарачани директно од кралската палата – не само што ги прифати, туку уште и ги прекори сите кои ги критикуваа катарските домаќини.
Катар како приватен имот
Немаше потреба Инфатино јавно да ги брани Катарци, затоа што она што се знае за владеачкото кралско семејство и она што светските медиуми го објавуваа изминатите недели, ги открива двојните стандарди на бројното семејство кое владее со Катар апсолутистички. Претворајќи ја малечката земја во Персискиот Залив, богата со нафта и гас, во нивни посед.
Сето тоа уште покриено со големото лично богатство на семејството, што според валидни сознанија се проценува на 340 милијарди долари, размесетени дома, но и низ светот. Многу од тие пари се наоѓаат вложени во САД и во Британија, каде катарското кралско семејство ( и негови поедини членови) ги поседуваат тамошните најголеми и најскапи имоти.
Како на пример, Олимпиското село во Лондон, потоа лондонскиот облакодер – пирамида „Шард“ , елитната и скапа стоковна куќа „Хародс“ . Во Америка , пак, Катарци го поседуваат њујоршкиот Стејт Емпаер Билдинг. Се смета дека само „главата“ на семејството шеик Тамим Бин Хамад ал Тани, поседува имот од милијарди долари.
Првенство купено за пари?
Ал Тани управува со ова апсолутистичко кралство од 2013 година, кога неговиот татко, Хамид Бин Калифа , дотогашниот владетел, беше натеран да се повлече.
За сегашниот шеик се вели дека поседува многу „скапи играчки“ за кои без проблеми троши милиони долари, но и дека е вљубен во фудбалот- па има купено разни клубови, меѓу кои најзначаен му е парискиот „Пари Сен Жермен“ (ПСГ).
Затоа, токму нему му се припишува и најголемата заслуга што светот еден месец гледа фудбал и Светско првенство среде Арабиската пустина.
Уште во 2010 година, додека беше принц, го има убедено таткото, но и сите другите во кралското семејство за организација на едно светско првенство, кое на огромно изненадување- пред 12 години, ФИФА му го додели на Катар.
Објаснувањето тогаш беше – затоа што за прв пат ќе се организира Светскиот куп во фудбал во една арапска земја. Но, од тогаш, па се до сега, во светските медиуми се зборува дека првенството – едноставно- било купено.
Богат шеик, богата мајка
Ал Тани во изминатите години, откако владее со Катар го има зголемено своето лично богатство, а се зборува дека според личното богатството може да му парира само неговата мајка, која според листата на „Форбс“ е на 74 место во светот меѓу најбогатите жени.
Таа е мајка на шест деца од нејзиниот брак со сменетиот шеик Бин Калифа, но тие не се единствените кои ги имал шеикот, а кои сега се полубраќа и полусестри на катарскиот владетел, затоа што татко му имал уште три други жени и со сите имал деца.
Таа традиција во ова конзервативна монархија ја продолжува и сегашниот шеик Ал Тани. Тој има три законски сопруги и вкупно седум синови и шест ќерки. Големи семејства имаат и другите принцови, па целото катарско семејство брои шест илјади членови. Државата Катар има 3,8 милиони жители.
Нивните критичари (помалку дома, затоа што може да настрада оној кој критикува), а посебно оние надвор од земјата, велат дека заедничко на сите тие шест илјади во семејствто им е – постојаното правење скандали- главно сексуални и финансиски.
Сексуални и финански скандали
За најголем сексуален скандал медиумите во Британија го споеменуваат оној врзан за катарската принцеза Салве, која наводно, побарала од своето обезбедување да и наоѓаат „симпатични мажи“ и да и ги носат во нејзиниот хотелски апартман. Интервенирала дури и полицијата, па така се разбрало за скандалот, за кој има пишувано и „Фајненшл Тајмс“.
Станува збор за принцеза која е керка на поранешниот премиер на Катар- Јасим бин Џабир ал Тани кој и самиот има имот на британска територија , а беше занешан во низа финансиски скандали. Беше споменуван во т.н. „ Панамски хартии“ – врзано за перењето валкани пари и за даночни махинации – преку неговата оф-шор компанија за имотот што го поседува во Шпанија и за јахтата на Мајорка од над 300 милиони долари.
Него го поврзуваат и со малверзации со британската „Барклис банка“ , но и за контроверзни зделки , правени додека бил премиер на Катар, за време на големата финансиска криза тргната во 2008 година. Во тој скандал настрадани се тројца високи фуннкционери на „Барклис“ . Конечно, овој Ал Тани се сомничи и за врски со Ал Каеда.
Сомнежи за финансирање на тероризмот
Во јуни оваа година, се обновија сомнежите дека Катар , тајно, ја има финансирано терористичката активност на Ал Каеда, во време на врвот на нејзината закана за Блискиот Исток и за светот.
Изворот на ова сомничење е еден поранешен близок човек на екс премиерот Ал Тани кој во текот на едно сведочење зборувал дека Катар „ веројатно има давано пари за џихадистичката група Ал Нусра“, поранешна филијала на Ал Каеда во Сирија , од која подоцна се изроди злогласната Исламска држава.
Овој сведок останал на изјавата за мрачната улога на Катар, но тврдел дека како премиер Џабир ал Тани , не знаел што се правело, како и дека зад тоа стојат некои богати и влијателни, исламисти и финансиери кои постојано живеат во државата.
Досега не се откри за кого станува збор. Безбедносни експерти уште пред неколку години, меѓутоа, имаат зборувано дека меѓунариот тероризам ќе се одржува, како закана за светот, се додека се финансира од определени кругови во државите од Блискиот Исток- вклучувајќи го и малечкиот Катар.