Затвор за потпретседателката на Аргентина
Актуелната потпретседателка на Аргентина, Кристина Фернандес де Кирхнер е осудена од судот во Буенос Ајрес на шест години затвор , како и на доживотна забрана за извршување на било каква јавна функција.
Таа беше обвинета за неколку кривични дела, а пред се, за проневера на безмалку една милијарда долари и за корупција при доделувањето големи и скапи инвестициски, градежни проекти , во времето додека беше претседател на земјата, во два едно по друго мандати – од 2007 до 2015 година.
Некогашната „прва дама“ на оваа јужноамериканска држава која се претвори во политичарка, беше обвинета и за раководење со криминална организација, за што можеше да биде осудена на 12 години затвор, но судскиот совет го има отфрлено ова обвинување.
Де Кирхнер осудена за корупција
Ова е прв пат во историјата на Аргентина, еден политичар на толку висока функција и во време додека се уште е на функцијата, да биде осуден.
Но, како стојат работите, Кирхнер (засега) нема да оди во затвор. Претстои долга и по правило развлечена жалбена постапка на пресудата, што нејзините адвокати може да направат таа да трае неколку години. Освен тоа, политичарката е заштитена од апсење и поради имунитетот што сппоред аргентинските закони го има како висок функционер во државата.
Кристина де Кирхнер по многу нешта е контроверзна личност во домашната политика, дури и за стандардите кои важат за Јужна Америка. Таа беше сопруга на поранешниот аргентински политичар- левичар- Нестор Кирхнер кој на крајот од својот прв маандат објави дека поради болест нема да се кандидира втор пат, иако сите анкети покажуваа дека лесно ќе го освоеше.
Намести себе си, тој ја предложи својата сопруга- тогаш „првата дама“ на Аргентина Кристина- таа биде кандидат на неговата левичарска партија. Во стилот на некогашниот аргентински лидер Хуан Перон, кој во седумдесетите години ја предложи сопругата Изабела да го наследи на функцијата.
Функција наследена од сопругот
Госпоѓата Де Кирхнерлесно победи на изборите, а откако сопругот почиба таа беше промвирана во некаква хероина на аргентинската нација, по углед на Ева Перон од педесетите години на 20 век.
Но, за разлика од Нестор Кирхнер кој беше умерен левичар, неговата сопруга и наследничка на функцијата отиде чекор понатаму по се претвори во ултра-левичар и популист која во „името на народот“ настојуваше да оди што е можно полево- во стилот на авторитарните и недемократски режими во Венецуела, Куба или Никарагва. Токму тие и такви режими станаа нејзините главни сојузници.
Згора на тоа, наместо да се расправа со финансиската криза во земјата и нејзиното трето банкротство, Де Кирхнер ги потпалуваше националистичките страсти во земјата- отворајќи го прашањето на Фокландските Острови што во Буенсо Ајрес се нарекуваат Малвини.
Ултра-левичар и популист
Поведе бројни постапки против Британија ( чија прекуморска територија се Фокландите) во ОН и пред меѓународите организации , иако на одражаниот референдум дури 95 отсто од жителите на островите се определија за останување под британска „капа“- како автономна, самоуправна територија.
Кога истече и нејзиниот втор едно по друго мандат, Кристина де Крхнер објави дека ја испитува можноста за да (вонредно), но неуставно, да остане на власт и во трет мандат. Нешто што се случува во Куба, Венецуела и Никарагва, а што го практикуваше и боливискиот „вечен претседател“ Ево Моралес. Протестите на опозицијата и заканата од поширок бунт во земјата, ја натераа да се откаже од намерата да биде „доживотна претседателка“.
Остана во политиката како сенатор ( член на Горниот дом) и својот шеф на претседателскиот кабинет го промовира во претседателски кандидат на наредните избори. Беше јасно дека преку неговата победа, зад која стоеше моѓната Кристина, таа практично ќе управува со Аргентина. Особено откако беше избрана за потпретседателка на државта.
Поткуп за доделени тендери
За да оди во затвор, сега ќе се чека да истече потпретседателскиот мандат.
Таа, меѓутоа, како популист има зад себе создадено силна и воинствена база на запалени подржувачи кои веднаш почнаа да се организираат на протести. Се закануваат дека ако Кристана оди во затвор ќе ја парализираат земјата.
Таа, пак, се брани дека е невина и дека станува збор за „политичко судење“.
Всушнист , беше осудена за случаи кои се провлекуваат со години на ред и за кои од почетокот се тврдфи дека таа им доделувала тендери на бизнисмени блиски до неа и нејзината партија, како и дека за сето тоа примала и поткуп.
(Б.А.)