Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Британија: Рационализирано продавање зеленчук

Британија: Рационализирано продавање зеленчук

Неколку од најголемите британски супермаркети воведоа разионализирано продавање на зеленчук- пред се, на зелена салата, домати, пиперки и краставиц– откако домашниот пазар се соочува со недостиг на овие производи што во Британија, главно, доаѓаат од увоз.

Мерката што е крајно невообичаена за оваа земја, каде во текот на целата година на потрошувачите им се нуди богат асортиман на зеленчуци и овошје од сите страни на светот, е донесена затоа што недостигот предизвикал купувачите да почнат да прават домашни резерви од овие зеленчуци, без разлика што тие не може долго да се складираат.

По три краставици и пиперки

Супермаркети кои се одлучиле на една ваква мерка, сега дозволуваат да се купат најмногу по три краставици и салати, како и исто толку пипреки и домати. Ситуацијата се означува како сериозна, затоа што се очекува недостигот да потрае во следните  четири недели.

Станува збор за криза во снабдувањето со свеж зеленчук , каква не би требало да ја има во земја каква што е Британија, па јавноста вината за ваквата состојба и ја припишува на лошата организација и на непостоечката  комуникација меѓу големите супермаркети и министерството за храна.

Од таму, пак, реагираат бранејќи се со лошото време во Шпанија и Мароко , од каде доаѓа зеленчукот кое предизвикало и застој во транспортот.

Потрошувачите , меѓутоа, не веруваат во ваквите објаснувања и сметаат дека проблемот е подлаб, критикувајќи го надлежното министерство кое нема преземено мерки за договор со британските производители на зеленчук.

Без домашно производство

Посебно зеленчукот  што се добива од под стакленици.  Затоа што британските земјоделци не сакаат да го одгледуваат во зимските месци . Според нив,  немаат смека за вакво производство во сегашните услови на  високи цени на горивото, потребно за загревање на оранжериите.

Во таквата атмосфера, наместо најава за брзи мерки, владата во Лондон, побрза да соопшти дека вината за оваа ситуација не треба да му се припишува на Брегзит и на напуштањето на ЕУ.

Згора на тоа,  владата доживеа да биде исмена , откако им порача на Британците да издржат еден месец и наместо – „што сонуваат за свежи домати, зелени салати и пиперки, нека јадат ротквички. Тие се британски и ги има доволно“!

Вината е во Брегзит

Познавачите на состојбата во домашниот  аграр, сметаат дека вината за смешната криза со зеленчуците , сепак, е во Брегзит.

Велат- какво и да е времето, патиштата низ Европа насекаде се проодни, в0 Мароко не паѓа снег, за да не може да се доведе зеленчук до Британија, а цо целата ЕУ, посебна во сите земји-членки во британското соседство, сите зеленчуци ги  има во изобилство. Посебно оние што во Лондон почнаа да се продаваат рационализирано.

Едноставно, со Брегзит си заминаа европските државјани кои работеа на британските фарми- садејќи и прибирајќи зеленчук. Работници од Романија и Бугарија, пред се, беа најброни во аграрниот сектор, а кога беа прислени да заминат од Британија, минатото лето немаше кој да ги собира доматите и салатите од полињата.

Исто онака, како пто немаше кој да ја превезува европската прехранбена  стока до Британија, затоа што и во тој сектор имаше најмногу вработени Европејци.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе