Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Дијабетичарите без лек- се троши за слабеење

Дијабетичарите без лек- се троши за слабеење

Хрватското министерство за здравство потврди дека Хрватска се соочува со недостиг на лекот против дијабетис („Оземпик“), затоа што е мошне популарен во јавноста како препарат за слабеење.

Лекот е создаден и се препишува на лица болни од шеќерна болест, но благодарејќи на разните совети на интернет и на лекарски препораки, лекот е сега прифатен и како препарат за намалување на дебелината. Само поради тоа Хрватска наеднаш се соочи со криза која ги погодува оние на кои им е потребен за лекување на дијабетисот, па луѓето- и оние за кои е лек, како и оние на кој им е препарат за „подобра телесна линија“ – мораат да патуваат во странство- најчесто во Словенија.

Од таму порачуваат дека (засега) го немаат тој проблем , но во Љубљана се стравува дека „модата“ со „Оземпик“ ќе се префрли и на словенечка територија.

За лекот – во Словенија

Наглата популарност на лекот кај оние кои се лечат од дебелината, а немаат дијабетис, предизвикал аптеките во Загреб и во Хрватска да останат без него. Според податоците на аптеките кои ги пренесуваат локалните медиуми, во дури 80 отсто случаи овој лек го даваат со „бели рецепти“, односно приватно.

Пациентите лесно кај лекарите го обезбедуваат овој рецепт, затоа што тоа може да го направи секој хрватски лекар-специјалист од било која област на медицината. Многу е ретко пациент болен од шеќерна болест да го зема лекот со ваков рецепт, па затоа аптекарите знаат дека речиси сите го бараат затоа што веруваат дека ќе ослабнат, или дека барем ќе почнат со намалување на телесната тежина.

Со него заинтерсираниот пациент може да го купи во секоја аптека (каде ќе го најде) за 150 евра- како месечна доза.

Потреба или помодарство

Лекот стана брзо популаен за слабеење , иако тој не е регистриран за таа намена. Сите веруваат дека дава резултати и дека притоа ( засега) нема сознанија за некакви контраиндикации. Барем не такви ккои би можле да го загрозат здравјето на оние кои го користат само како препарат.

Фармацевтската комора во Хрватска смета дека станува збор за помодарство кое  предизвикува лекот да го нема за оние на кои име потребен за лекување. Фармацевтите, сепак,  се согласуваат дека не би требало да се крева паника, затоа што има и други лекови кои може да га заменат овој кој недостига.

Се покажа дека проблемот не е само хрватски , туку е и на повеќето земји во ЕУ, која веќе настојува да се ублажи ситуацијата, за да не дојде до криза.

Лек против дебелина

Унијата потикнува, за почеток, да се зголеми производството на лекот кој станува и препарат, но според медиумите во Загреб, од Европа се порачува  дека треба да се смета на тоа – повремени проблеми со лекот дека ќе има во текот на целата оваа година.

Во регионот на Балканот ситуацијата слична на хрватската веќе е забележана и во Србија и во Македонија.

Во исто време, британскиот неделник „Економист“ открива дека многу брзо на фармацевтскиот пазар ќе се појави лек-препарат кој ќе спречува ( ќе лекува) дебелина и гојазност. Весникот вели дека лекот е направен со суспстанците кои главно ги содржи и лекот за шеќерна болест.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе