Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Пет земји од ЕУ се пред признавање на Косово“

„Пет земји од ЕУ се пред признавање на Косово“

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека  државите од ЕУ кои се уште го немаат формално признаено Косово, како независна држава, веднаш ќе го направат тоа доколку целосно се примени европскиот план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и доколку двете страни го имплементираат договореното ( од Охрид).

Во дебата во одборот за надворешни работи при американскиот Сенат, на која Блинкен одговарал на прашања на сенаторите за состојбите во регионот на Западен Балкан, рекол дека  САД настојуваат да ги убедат овие земји да ја прифатат косовската независност, како што тоа го имаат направено другите 22 земји-членки , плус Британија која сега е надвор од ЕУ.

Чекајќи ја нормализацијата

Станува збор за Шпанија,Словачка, Грција, Кипар и Романија кои секоја  од свои (домашни) причини се уште го немаат тоа направено, иако како ЕУ во целина, се единствени во согласноста околу самостојноста на Косово, па ги имаат подржано сите европски ( и американски) настојувања да се затвори косовското прашање.

Вклучувајќи го и сегашниот европски план за нормализацијуа што го подржуваат сите 27 земји-членки.

Според Блинкен, Стејт департментот работи на ова прашање и објаснил дека „ доколку се примени европскиот план (што веќе е прифатен и од Косово и од Србија)  , тоа сигурно ќе  води кон признавање и од страна на овие пет земји“. Меѓутоа, признал дека сосема поинаква е состојбата околу признавањето на Косово од страна на Србија, за што рекол дека е работа за која ќе треба многу повеќе време.

Тој верува дека нормализацијата на српско-косовските односи би имала силно позитивен ефект и за прзнавањето од страна на Белград, но смета дека самиот факт што Косово и Србија се договорија ( во Охрид), а притоа  договореното се примени, брзо би го трасирало патот за тоа сите земји од Унијата да ја признааат државата Косово.

Грција со најблиски односи

Блинкен ги известил сенаторите дека постигнатиот договор, во секој случај,  води кон нормализација на односите меѓу двете страни, особено што Белград и Приштина според охридскиот договор) се обврзани да работат на имплементацијата која сега е првата обврска на нивниот пат за влез во ЕУ.

И на двете земји им е јасно дека без нормализацијата на односите нема да има ништо од нивните стратешки планови за Европа.

Од овие пет членки на ЕУ, Грција има најблиски односи со Косово. Атина во Приштина има отворено своја службена канцеларија која од пред две години има статус на полудипломатска мисија.

Официјален Белград, меѓутоа, и сега силно притиска врз овие пет држави да не го признаат Косово. За Приштина, во еден момент од преговорите за прифаќање на планот на ЕУ за нормализација,тоа  беше ставено како предуслов на косовската страна.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе