Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Цензурирани“ Поаро и мис Марпл

„Цензурирани“ Поаро и мис Марпл

Неколку романи на најпознатата писателка на криминалистички авторка Агата Кристи се изменети за да нивниот јазик повеќе не се смета за навредлив, пред се, од аспект на расистичките референци.

Всушност, романите на Кристи се најновите  дела кои се „преразгледуваат“ за да од некои од нив се тргнат зборови и изрази кои упатуваат на расизам и на јазик кој се смета за навредлив за денешната читачка публика и за односите во современите општества.

Во тој дух, издавачката куќа „Харпер/Колинс“ има „уредено“ делови  од некои од романите на англиската посателка, една од најпреведуваните автори од англиското говорно подрачје, додека други се целосно тргнати од новите дигитални изданија.

„Нема веќе  десет мали црнци“

Станува збор за детективските романи на Агата Кристи во кои се појавуваат нејзините популарни ликови Херкул Поаро и госпоѓицата Џејн  Марпл кои се објавени  пред сто години, меѓу 1920 и 1926 година, што треба наскоро да се појават во новите дигитални верзии на романите на овој издавач.

Американските медиуми откриваат дека посебна група од читатели  и критичари има внесувано измени кои се однесуваат на расната припадност, на описите на женското тело, а тргнати се и некои зборови што би можеле да бидат навредливи во денешно време.

За прв пат , познатиот роман на Кристи „Десет мали црнци“ сега е преименуван и се вика „Никој не остана“ ( жив). Во преправената верзија на збирката „Последните случаи на мис Марпл“ и  во две други крими-стории , зборот „домашни“ , на пример, бил заменет  со „локални“.

Чистење од расизмот

Во деловите каде Кристи има напишано како „црниот слуга  се смее“, сега е заменето со – „само климнал со главата“, но без да се споменува неговата раса .

Опфатен е дури и романот „Смрта на Нил“ , веројатно најмногу филмуваниот нејзин роман, кој е издаден во далечната 1937 година. Во него, сега, не се споменува повеќе изразот „нубијски луѓе“. Нубијците, инаку се народ,   населен  по течението на реката Нил, во  реонот јужно од Асуан, во Египет и главно во Судан.

Вакви корекции се правени и кај книгите на Роберт Дал за популарниот роман за „Чарли и фабриката за чоколади“ , па дури и кај романите на  Јан Флеминг , авторот на Џејмс Бонд. И во овој случај се елиминирани зборови кои упатуваат на расизам, како зборот „nigger” што афро-американците го сметаат за многу навредлив.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе