Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Приучени медицински сестри ставаат инјекции

Приучени медицински сестри ставаат инјекции

Приучени поранешни фризерки и козметичарки земаат крв за анализа, ставаат инјекции, или негуваат пациенти во јавното здравство на Србија, поради недостигот од  медицински сестри и медицински техничари- откриваат медиумите во Белград.

Според телевизијата Н-1, кога Кличкиот центар на Србија распишал конкурс за 40 рабони места, за работа се јавиле само седум школувани медицински сестри. Од нив на работа останале само две, другите или си заминале во странство, или пак се префрлиле во приватните болници и амбуланти.

Луѓе од здравството изјавиле за овој медиум дека само поради тоа – работите се доведени до ситуацијата крв да земаат , или да ставаат инјекции   набрзина приучени сестри кои до пред неколку месеци правеле женски фризури,  или  работеле во некој козметички салон.

Недостигаат 30 илјади сестри

Соговорниците од неколку белградски државни болници,  за телевизијата потврдиле дека сега се соочени – да лекуваат пациенти со  ваков помошен мецински кадар. Затоа, дел од лекарите во главниот град на Србија сметаат дека во овој момент не е толку важно да се градат нови болници и да се купува скапа опрема за нив, кога земјата и нејзиното јавно здравство се соочува со недостиг на помошен медицински персонал- медицински сестри и техничари.

Се проценува дека во оваа држава  и недостигаат 30 илјади сестри кои ги нема не само за вообичаените медицински зафати, туку и за нега на неизлечиво болните пациенти, на кои им треба грижа во сите 24 часови.

Познавачите на состојбата велат дека проблемот е во платите, затоа што овие вработени не сакаат да работат за под 60 илјади српски динари, посебно не во Белград кој е далеку поскап за живот од просекот на државата и каде само за станарина треба да се оддели половина од платата.

Проблем на Западен Балкан

Токму скапиот живот во главниот град, ги задржува медицинските сестри во внатрешноста на земјата, да останат таму каде се сега, затоа што знаат дека доколку се преселат во Белград ќе го загубат стандардот што го имаат во внатрешноста.

Во таквата ситуација, лекарите во јавното здравство се приморани да  прифатат да работат со приучен помошен медицински кадар. Знаејќи притоа дека проблемот е и во целиот Западен Балкан и на некогашниот ЈУ простор, но и во добар дел од Европа.

Со криза од помошен медицински кадар се соочуваат како Подгорица и Скопје, така и Загреб и побогатата Љубљана. Во главните градови на Црна Гора и Северна Македонија се размислува за вработување на странски персонал и дека сега се испитува тоа колкава да биде платата.

Персонал од странство

Хрватскиот главен град проблемот, исто таака, планира да го решава на овој начин, со внесување кадар од земјите од ЕУ, сега кога државата е во Шенген зоната. Станува збор за модел кој веќе го има Словенија, привлекувајќи кај себе, не само помошен медицински кадар, туку и лекари кои од Србија, Македонија и Црна Гора се префрлаат во словенечкото здравство.

Прво, поради повисоките плати и покрај тоа  што и вкупниот живот таму е поскап, туку и затоа што во Словенија се веќе во ЕУ и во Европа.

Впрочем, тоа е техниката која од подамна ја користат Германија и Франција, на пример, привлекувајќи кадри за здравството од целиот Балкан и од Истокот на Европа.

Тоа максимално го користеше Британија , во чие јавно здравство имаше лекари и посебно медицински сестри од речиси цела ЕУ , додека земјата беше во Унијата, но  и од земјите на британскиот Комонвелт. Оваа земја и во тоа време имаше криза со ваквиот медицински кадар, што сега после Брегзит, велат добива (безмалку) драматични размери.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе