Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Трамп осуден за сексуално насилство

Трамп осуден за сексуално насилство

Поротата на судот во Менхетен, во Њујорк,  го прогласи поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп за виновен за сексулано насилство на новинарката и колумнистка Е.Џин Керол. Поротниците го отфрлија обвинувањето за силување, а судот пресуди – на нападнатата новинарка, да и плати отштета од пет милиони долари.

Според пресудата, поротниците целосно го прифатија тврдењето на обвинителството дека Трамп има извршено сексуално насилство , а  дека потоа ја има наклеветено , нарекувајќи ја лажливка.  Во текот на целиот процес кој побуди  големо внимание , затоа што не е единственото нешто  за што се обвинува, Трамп ги отфрлаше сите обвинувања. Деветмината поротници, сепак,  не ја прифатија неговата одбрана и пресудија во полза на оштетената.

Пресуда на поротата за само три часа

Поранешниот претседател кој има амбиции да се врати во Белата куќа, после  претседателските избори во 2024 година, настојуваќи претходно да ја добие номинацијата на Републканската партија, лично не присуствуваше на судењето. Беше прикажано  негово видео сведочење за целиот случај во кое го негираше обвинуањето.

За да се донесе пресудата, односно Трамп да биде прогласен за виновен, деветчлената порота , составена од шестмина мажи и три жени, требаше да донесе едногласна одлука. За тоа на поротниците не им беа потребни повеќе од три часови.

Трамп е осуден во граѓанска парница, а не за кривично дело за кое е потребна и поинаква постапка. Затоа и казната е само парична.

Трамп зборува за „лов на вештерки“

Оштетената новинарка Керол го обвинуваше поранешниот претседател, инаку како сега стојат работите, слаб кога се жените во прашање, дека во 1996 година, ја има силувано во гардеробата на една стоковна куќа во Њујорк.

Во својот познат – кавгаџиски стил на однесување, Трамп го негираше нејзиното тврдење , бранејќи се дека сето тоа е „обична измислица и лага“, создадена само за да ја потикне продажбата на својата книга.

По изрекувањето на пресудата и казнувањето Трамп се огласи со изјава. Според него,  целата оваа работа  била  „политтиканска и наместена“ .

Како и за другите обвинувања против него, вклучувајќи го и сексот со поранешната порно-ѕвезда Сторми Даниелс , тој и натаму тврди дека против него се води „валкана војна“ . Трамп  изјави дека станува збор за – „најголемиот лов на вештерки на сите времиња“, а неговите адвокати најавија жалба на пресудата.

„Не го откривајте својот идентитет“

Судијата на федералниот суд во Менхетен, меѓутоа, на случајот не гледа како на нешто што се случувало во Средниот век, па ги предупредил сите деветмина поротници да не го откриваат својот идентитет во јавноста- како што рекол- уште долго време по завршувањето на судењето.

Нивниот идентитет беше одржуван во строга тајност, затоа што во прашање е случај во граѓанска постапка. Според законот, сега , по завршувањето на судењето, од самите поротници зависи дали и натаму ќе остатанат анонимни.

„Мој совет до сите вас е да не го откривате својот идентитет. Не само сега , туку уште долго време“- рекол судијата Луис Каплан.

Судијата ги потсетил поротниците дека веднаш по излегувањето од судот , секој од нив може да го открие својот идентитет, но му е забрането да го открива идентитетот на другите членови на поротата.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе